Кафе муабет

Чувствителни, креативни, внимателни: Неколку работи кои ќе ги разберете само ако сте Риба во хороскоп

Ако сте родени помеѓу 18 февруари и 20 март, вие сте Риба во хороскоп.

Со Рибите владеат Јупитер и Нептун, многу се чувствителни и имаат силно изразена интуиција. Исполнување пронаоѓаат во помагањето на луѓето и создавање силни врски со другите, но можеби одвреме-навреме треба да се сетат да ја заштитат и својата енергија.

Најголем личен напредок во овој случај настанува кога Рибите ќе решат да одвојат време за себе и да поминат одреден период во самотија.

Ви треба повеќе време за себе

Многу се интровертни, а учествувањето во огромни групни дружења честопати ве исцрпува. Дури и ако сакате дружење со пријателите, можеби не е лошо времето одвоено за другите повеќе да го ограничите. Ви треба да бидете сами за да ги наполните батериите и да се чувствувате освежено.

Сакате да се венчате со некој после првиот состанок

Кога некој ви се допаѓа, најверојатно во главата си правите романтична фантазија за врската. Честопати можете да ја замислувате иднината со некој пред вистински да го запознаете. Важно е да пристапувате пореално кон работите и да бидете свесни за се’ она што ви го покажува другата личности.

Лесно ја впивате туѓата енеригја

Било која атмосфера во која се наоѓате, најверојатно повеќе влијае на вас отколку на другите. Понекогаш може да ви биде тешко да разликувате кои се туѓите, а кои вашите емоции.

Имате креативна страна

Ја цените уметноста и убавината и најверојатно сакате добро да се облечете и да поминте повеќе време декорирајќи го својот дом. Кога ви треба ослободување од стрес, едноставно обидете се да се занимавате со некои уметничко хоби.

Сакате да разговарате за духовни и мистични теми

Можеби сте личност помеѓу вашите пријатели која најмногу знае за темите како астрологија или тарот. Многу сте заинтересирани за тоа да разберете како вашиот живот е поврзан со поголемата широка слика околу вас.

Многу сте внимателни

Многу од својата енергија им ја давате на другите и секогаш сакате да бидете сигурни дека и другите се чувствуваат добро, без многу внимание да обрнувате на себе.

Многу сте чувствителни

Најверојатно вие сте првата личност која ќе заплаче кога гледате романтичен филм, а би можело да ве растажи што било. И најмалите гестови знаат да допрат до вас.

Имате силна интуиција

Честопати може да добиете почетен инстинкт за одредени луѓе или ситуации, што тешко е да го занемарите. Најважните одлуки можете да ги донесете врз основа на она што ви велат вашите емоции, дури и ако не можете во целост да објасните зошто се чувствувате така.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close