Кога ќе се каже здрава храна, многумина помислуваат на брокула и тоа е со причина. За подоготвка на овој зеленчук не ви е потребно многу време, а користите кои ќе ги имате се големи.
Одлична е за слабеење
Брокулата нема многу калории, многу малку протеини и вооошто нема масти, но затоа има многу благотворни минерални и витамини.
Ги зајакнува коските
Брокулата содржи витамин К кој е лучен за здрави заби и цврски коски. овој често заборавен чувар на срцето помага и против кардиоваскуларни болести.
Помага при одржување на крвниот притисок
Благодарејќи на високото ниво на калиум и магнезиум, брокулата помага за одржување на крвниот притисок.
Добра е за очите
Брокулата содржи високо ниво на витамин Ц и бета каротен кои спречуваат болести на очите.
Го подобрува памтењето
Ако имате проблеми со лошо расположение, памтење и концентрација, во дневното мени вклучете си брокула, затоа што е добар извор на фолна киселина.
Природен детокс
Овој здрав зеленчук делува како природен чистач на токсините од организмот. Помага во исфрлувањето на отровите а го неутрализира и штетното дејство.