Бебе
Бебешки хороскоп: Лавовите се гласни како вистински Лав, а Скорпиите мора да бидат во центарот на вниманието
Забавен и интересен бебешки хороскоп
Овој бебешки хороскоп има за цел да ве забавува, но и преку него да научите нешто за карактерот и потребите на вашето бебе. Според тоа кога е родено вашето бебе, во продолжение читајте што ви открива неговиот хороскопски знак.
Овен
Не очекувајте ова малечко да седи мирно и да си игра. Тоа никогаш нема да се случи. Овие бебиња секогаш се во движење и обожаваат да бидат во центарот на вниманието.
Бик
Овие бебиња имаат голема потреба за допири, затоа допирајте ги и бакнувајте ги што повеќе. Тие сакаат комфорт, па затоа обезбедете им идеална температура, удобен кревет и интересни играчки.
Близнаци
Овие бебиња обожаваат друштво и уште од рана возраст се обидуваат да комуницираат. Љубопитни се и вистински мали истражувачи, па ако немаат нов предизвик на видик, брзо им станува досадно. Затоа, што побргу вклучете ги вашите бебиња во друштвени игри.
Рак
Бебињата родени во хороскопскиот знак Рак се многу емотивни, па не треба ад се чудите ако често заплакуваат. Баш поради тоа трудете се вашето малечко секогаш да се чувствува заштитено.
Лав
Ова бебе е гласно како вистински Лав. Затоа, заборавете на мирен сон, затоа што малиот роден во овој хороскопски знак сака во секој момент да му е удобно и пријатно.
Девица
Бебињата родени во овој знак сакаат рудина и не поднесуваат ни најмало отстапување од дневните навики. Може да бидат пребирливи што се однесува до храната, а освен тоа, нема да имаат многу специјални побарувања.
Вага
Овие бебиња уживаат во вниманието на другиот. Шармантни се, насмеани и неодоливи. Сакаат друштво и се вистински дипломати, поради тоа честопати ќе бидат во улога на посредник кај своите другари.
Скорпија
Мора да бидат во центарот на вниманието. Овие бебиња по малку се мистериозни, па тешко е да сфатите што навистина сакаат и зошто плачат.
Стрелец
Овие бебиња се безгрижни и среќни, кои проодуваат многу брзо. Независни се и со слободен дух, а и сакаат да истражуваат. Обожаваат отворен простор, па честопати ќе тропаат на врата додека не излезат надвор.
Јарец
Многу се дисциплинирани и не прават неред. Кога е во прашање учењето, не би требало да брзате, затоа што бебињата Јарци имаат свое темпо…
Водолија
Бебињата родени во знакот Водолија може да изгледаат осамено, но тие сакаат да бидат сами. Дури и кога плачат, бебињата Водолии најчесто не сакаат поддршка. Овие малечки може да бидат вистински мали бунтовници, што за нивните родители е голем предизвик.
Риби
Бебињата родени во овој хороскопски знак навидум плачат без причина. Тоа е дел од личноста на овие срамежливи бебиња, заедно со особината своите емоции да ги држат во себе. Многу се чувствителни на работите кои се случуваат во семејството, затоа, пред нив никогаш не треба да се карате или викате.