Бебе

Која е идеалната температура во просторијата за вашето бебе?

Ова е оптималната температура во текот на зимските месеци.

Поради доаѓањето на зимата и ниските температури, многу родители се грижат за тоа колку треба да изнесува идеалната температура во која претстојува бебето. Често проверување на термометарот, постојано вклучување, па гаснење на греалката… Познато ви е, нели?

Постои ли оптимална температура и кои се ризиците од премногу затоплена просторија?

Новороденчето се’ уште нема доволно развиен механизам за терморегулација, поради што потребно е бебето да го затоплите со одржување на постојана температура. Американската педијатриска академија ги предупредува родителите да внимаваат на превисоките температури, кои, според медицинските истражувања, се поврзуваат со синдромот на изненадна доеничка смрт.

Високите температури го отежнуваат будењето на бебето, па регулирањето на температурата со избегнување на премногу слоеви облека е секако нешто на што родителите би требало особено да внимаваат.

Многу нови родители честопати премногу ја загреваат собата каде што престојува бебето, заборавајќи дека препорачана температура е од 20 до 22 степени, со влажност од околу 50%. Затоа, имајте на ум дека, освен класичните термометри, повеќето бејби монитори имаат вграден регулатор на температурата на кој може да се потпрете.

Совети за затоплување на бебето во текот на студените месеци:

  • избегнувајте ставање капа на бебето во затворен простор затоа што лесно може да дојде до премногу загревање, со кое вашето бебе не знае да се справи
  • ако се двоумите за слоевите облека, сетете се дека на бебињата им е доволен еден екстра слој од бројот кој го носите вие. Внимавајте да не претерувате со слоевите.
  • какво било грејно тело држете го на поголемо растојание од вашето бебе.

Бебињата кои прстојуваат во премногу загреани простории, честопати се будат нервозни, а во екстремни случаеви може да развијат и повисока телесна температура. Ако мислете дека на бебето му е постудено отколку што би требало, обрнете внимание на бојата на кожата.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close