Дом и семејство

4 неетички експерименти направени во име на науката

„Уште од почетокот на времето, феноменот човечкото суштество се интересирало што се случува во туѓиот ум и пробувало да влезе во истиот со цел да ги прочита неговите мисли. “

Но не секој копнее по такво остварување, напротив… Уште низ историјата многу луѓе, несвесни и незаинтересирани за можната опасност, станувале експериментални глувци на владата и „мрднати“ научници. Сакајќи да поговориме за такви монструозни дела кои биле направени со цел да дадат одговори на некакви прашања, или пак биле цел сами по себе, направивме листа од 4 неетички експерименти, како што се вели: направени во име на науката!

Експериментот Robbers Cave

Благодарение на сајтови кои објавуваат интереснаи листи, сите знаат за експериментот во затворот Стенфорд. Кој и да прашате ќе би одговори дека тоа е ужасна студија каде што студентите биле поделени во 2 спротиставени групи, со цел да се реплицираат во услови на затвор. Ретко кои луѓе знаат дека истиот експеримент бил направен со 12-годишни деца кои всушност не знеле дека се дел од истиот, и бил повторен 3 пати!

Група научници од универзитетот на Оклахома, предводени од Carolyn Wood Sherif собрале 24 момчиња на возраст околу 12 год, и ги однеле на летно кампување без никој од нив да знае дека се всушност дел од експеримент. Ги поделиле во две групи, водејќи грижа да раскинат било какво пријателство кое момчињата имале стекнато претходно. И откако ги поттикнале спротивставените тимови да се нарекуваат меѓусебно со погрдни имиња, ги охрабрувале да се мајтапат со членови од противниците. Секако дека им испланирале и активности за тимска работа за крајот, им го сопреле водоводот со цел да ги стават во ситуација да ја избегнат жедта.

И во двата случаи од експериментите, марионетите се бунтувале против оние кои ги управувале конците, воочувајќи дека се „луди“ научници. Секако за овие 2 експерименти немаше никакви оригинални објави во јавноста, само “Sherif” објавиле за третиот тест во кој момчињата наводно ги решиле меѓусебните конфликти на крајот од кампувањето! Ова научниците го декларирале како успешен експеримент во Разрешувањето на конфликти (conflict resolution– широк спектар на методи за решавање на извори на конфликт – без разлика дали на интер-персонално ниво или меѓу државите – и за наоѓање средства за решавање на одреден конфликт или за продолжување за помалку деструктивни форми отколку, да речеме, вооружен конфликт), макар што студијава не вклучува надгледување над момчињата во подолг временски период, за да се утврди дали овој летен камп каде биле приморувани на монструозни нешта, оставиле некакви долготрајни психолошки оштетувања.

alt

Монструозна студија

Ако претходниот случај ви остави впечаток дека можеби научниците на правеле толку болни експерименти после сé, проследете го случајов каде самит наслов навестува дека ќе биде болно за читање.

Единствената намера на експериментов биле да се уништи самодовербата на 11 деца, со надеж дека психолозите можат да одговорат на прашањето за пелтечење. Дури ако истиот бил успешен, нема да имало никаква корист освен апстрактно знаење – освен за оние кои се заинтересирани да направат да пелтечат многу луѓе. Сепак, според некакви причини, тоа е баш она кое проф. Wendell Johnson имал на ум…

Собрал сираци, бидејќи никој свесен родител не би го предал своето дете на ваков вид експеримент, и за време на курсот од 6 месеци ги омаловажувал (ако може така да се каже) за секое направено нешто! Им забележувал на секоја ситна мана, дефект во изговорот и секоја мала грешка во спелувањето, сé за да ја докаже теоријата дека пелтечењето претставува стекнато, т.е. научено однесување.

Ниту едно од децата не станало „пелтек“, но неколку од нив останале трауматизирани доживотно. Депресија и губење на самодовербата, биле најчестите проблеми кај 11-те деца кои учествувале во овој експеримент.

Ако не друго, барем универзитетот на сите им испратил писма во кои ги искажува своите најдлабоки извинувања, години подоцна откако биле судени за одобрување на оваа студија.

alt

Малиот Алберт

Секако дека претхониот пример не е единствениот случај каде научниците се компетно нечувствителни врз децата. John B. Watson сакал да докаже дека детето може да се доведе во состојба на ирационална плашливост. Овој експеримент е од голема важност за напредокот на науката.

За да ја изведе задачата, Watson зел 11-месечно бебе и му покажувал стаорец, зајак и неколку влакнести „матни“ нешта. Кога и малиот Алберт да се обидел да си игра со објектите кои му биле пренесувани, гласна бучава била пуштана во позадина. Ова се повторувало повторно и повторно, додека кутриот Алберт почнал да се плаши од сé што е бело и влакнесто, вклучувајќи прекривачи и бради. А да не го заборавиме и клучниот објект на кој бил изложуван целовремено, Дедо Мраз

Откако бебето станало преплашено од целиот свет околу него, Watson им го вратил назад на родителите.  Не се обидел да ги поништи резултатите од увежбувањето или следењето на детето како што растело. Никој не знае што точно се случило со малиот Алберт, има неколку теории кои велат дека завршил со извршување самоубиство. Додека ова е најверојатно преовеличување, едно нешто е сигурно: детево не уживало ниту еден Божиќ до крајот на својот живот.

alt

MK-Ultra

Оттргнувајќи се од научниците кои малтретираат деца, ги имаме CIA и нивните познати експерименти со наркотици за време на 50-те и 60-те. Овој период беше обележан со зголомена параноја од Соведските делови кои се инфилтрираа во Американското општество. Па, со цел да ги заштитат САД, CIA одлучија да тестираат LSD на група неочекувани граѓани.

Ако претходната реченица според вас нема смисол, Честитки! Вие сте повеќе логични од CIA.

Откако го собрале потребниот материјал, се префрлиле на сцена. Платиле жени по ноќни клубови да подметнуваат дрога во пијачките на мажите. Отишле дотаму што најмиле бордели како територија за тестирање на различни дроги на луѓе, иако знеле дека машките конзуматори би биле премногу збунети ( да не речеме почовечки: „салата направени“) да се изјаснат како се чувствуваат и што им се случува.

За жал, повеќето од документите за овие експерименти се уништени околу средина на 70-те, па затоа нема цврсти докази според кои CIA би стапиле на суд?!?!?

alt

Постојат незнаен број на експерименти од ваков тип, суштински неетички, кои во името на науката направиле премногу жртви за да докажат некоја теорија… Но како што на сите ни е добро познато – „Секоја добивка носи своја жртва.“ Така и овие споменати луѓе биле жртва за напредок на науката, кои за разлика од жените бомбаши – самоубијци за доброто на својата држава (за кои мојот 16 год. брат мисли дека се ненормални), не по своја биле жртви на овој или оној начин…

altПогледнет ги останатите текстови од нашата рубрика Тефтер!

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close