Кафе муабет
Антониа Гиговска за бременоста: Кој вели дека 22 години се малку за да станеш мајка?
Таа со нетрпение го чека синчето...
Македонската пејачка, Антониа Гиговска е бремена и со нетрпение го очекува моментот кога ќе стане мајка. На барање на нејзините фанови, таа и нејзиниот партнер неодамна го открија и полот на бебето па така со низа фотографии јавноста дозна дека парот очекува момче.
„Нашиот неодолив капетан е на пат. Едвај чекаме да те запознаеме“ – напиша Антониа во описот на фотографиите кои ги сподели на Инстарам.
Да потсетиме, Антониа токму на нејзиниот роденден ја сподели веста дека го кажала судбоносното ,,да’’, истовремено споделувајќи и дека е бремена.
,,Малечко мое, отсега секој мој роденден ќе го славиме заедно.’’ – напиша Гиговска под фотографиите кои ги објави тогаш на Инстаграм.
Неодамна еден од фановите и постави прашање на пејачката а таа откри зошто решила да се оствари во улога на мајка на 22 години.
Зошто се одлучи да станеш мајка на толку малку години? гласеше прањањето до пејачката, на кое таа одговори:
-Јас одсекогаш сакав да сум млада мајка и кога некоја девојка би ме прашала што мислам на темата ќе и кажам дека нема нешто поубаво од тоа да бидеш мајка на млади години.
Имаш и трпение и живци а и бременоста е 99% без никаков ризик отколку на постари години. А и зошто такво размислување дека 22-23 години се малку години за да станеш мајка? Мислам дека само ние на Балканот сме со такви размислувања. Напротив… Ќе имам време и з амене, и за моето бебе и за кариера, ќе можам побрзо да си го вратам телото во онаа форма во која што бев и ред други работи. А најважно од се е што ќе си имам најдобар другар кога ќе имам 40!, напиша Гиговска.