Бременост
Со низа фотографии Антониа Гиговска го откри полот на бебето: Ситно брои до породувањето- доби низа комплименти за својот изглед
Одлично и годи бременоста...
Антониа Гиговска е еден од најдобрите вокали кај нас, а пред извесно време со својата публика сподели многу убави вести.

Имено Гиговска е бремена и со нетрпение го очекува моментот кога ќе стане мајка. На барање на нејзините фанови, Антонија и нејзиниот партнер решија да го откријат и полот на бебето па така со низа фотографии јавноста дозна дека парот очекува момче.





„Нашиот неодолив капетан е на пат. Едвај чекаме да те запознаеме“ – напиша Антониа во описот на фотографиите кои ги сподели на Инстарам.

Да потсетиме, Антониа токму на нејзиниот роденден ја сподели веста дека го кажала судбоносното ,,да’’, истовремено споделувајќи и дека е бремена.

,,Малечко мое, отсега секој мој роденден ќе го славиме заедно.’’ – напиша Гиговска под фотографиите кои ги објави тогаш на Инстаграм.

На фотографиите можевме да видиме среќен дечко кој позира со тестот за бременост во уста.
Имено, станува збор за новиот избраник на Антониа, младиот музичар Роберт Спасенцовски.
Инаку Роберт познат под прекарот Џокер, е дел од нејзниот бенд, и периодот наназад често објавуваа заеднички видеа на Инстаграм.

Пред извесно време младата пејачка можевме да ја забележиме и на модната ревија на дизајнерката Ива Спасовска.

Младата и згодна трудница дефинитивно ги украде погледите на присустните со нејзиното издание.
,,Си добив и комплименти дека сум многу убава трудница, па си викам што убаво било да прошеташ со стомаче. Да живее комбинезонот, немам сега многу избор“ – напиша Антониа на Инстаграм споделувајќи низа фотки.

Очигледно бременоста и годи, Гиговска изгледа прекрасно!


