Кафе муабет

Размазено или дете на строги родители: Српски пихолог открива што е полошо – ова е единствен правилен начин на воспитување

Познатиот психијатар Валдета Јеротиќ открива даи е полошо детето да биде размазено или родителите да бидат премногу строги - кој е исправен начин на воспитување?

Во друштво често може да забележиме поделба на попустливи и премногу строги родители, како и а размазени и дисциплинирани деца. Како и во сѐ, така и во воспитувањето секое претерување не носи најдобри резултати Кога го прашале професорот и познат српски психијатар д-р Валдета Јеротиќ дали е поштетно детето да биде размазено или родителите да бидат премногу строги, еве какви одговори и совети дал:

„Јас не сум родител, па морам да внимавам што зборувам, затоа што не е седно дали за деца ќе зборува нкој кој има 3, 4 или оној кој нема ниедно дете. Со сопругата бев во среќен брак 38 години, но деца немавме. Сепак, 40 години работев со деца, како психијатар и психотерапевт. Психијатрија завршив во Белград, а психотерапија во Швајцарија“.

Родителите и казните

„Сте слушнале можеби за турските бањи. Турските тушеви се, изворно, студена и топла вода наизменично. Во психологијата тие имаат симболичко значење и посебно биле присутни во патријархатот. Таткото строг, престрог, вика, истура нервоза, врз синовите обично. И јас бев тепан од својот татко. Мајката нежна, чувствителна, па кога таткото некој ќе истепа излегува од дома, мајката теши, го зема детето кај себе, нуди слатко и утеха. Тоа воопшто не чини. Детето не може правилно да се развие во опкружување каде еден родител прави на еден начин, друг на друг начин. А, такви некогаш имаше на 90% од семејствата.

А, што велат психолозите, како е правилно? Умерено строги татко и мајка, умерено благи татко и мајка. Тоа е единствен исправен и добар начин на воспитување.

Уште еден проблем е уценувањето на децата, со што се служат многу родители. Ако бидеш добар, ќе го добиеш тоа и тоа. Ако не бидеш добар, те чека казна. Мајка ти те опоменува 3 пати, ти повторно не правиш како што треба.

Сега некои од вас сигурно ќе речат – па што? Се надевам дека мал број од вас така размислуваат. Ќе кажете „па тоа сте го правеле“. Дете од 3,4, 5 години што може да разбере? Е, тука сме на пресвртница на сфаќањата.

Проф. д-р Жарко Трбешјанин, српски угледен психоог, докторирал на патријархално воспитување кај српски деца. И знаете што открил? И кај образование и кај необразованите родители, децата во патријархатот се сметаат за „безгласна буква“. Суштество кое се раѓа како празна табла која ја испишуваме. ега психолозите малку попуштија, па велат дека до крајот на петтата година од животот се формира психичката структура кај човекот. Карактерот е готов. А, заклучокот од тоа може да биде крајно песимистичен, но не е. Затоа што постои Божја милост и постои вроден принцип ЈАС, големо откритие на 20 век – детето не се раѓа како неиспишана табла, тоа секоја бабица со здрав разум ќе ви го каже и дека уште како бебиња се разликуваат.

А интелигенцијата? Таа не е до крај анализирана во психологијата Според повеќето и таа е вродена, затоа што исти резултати остваруваш на 20 и на 50 години. Па како е можноЀ? Така што ние го зголемуваме само нашето знаење. Денес младите се информирани. Ако информациие не преминат во знаење, знаењето во сознание, џабе им се информаиите. За ништо не вредат, ако квантитетот на информации не премине во квалитет. Сознанието е квалитет и почеток на созревањето на човекот на психолошкиот пат. Има многу луѓе кои многу знаат, но тоа ништо не им вреди, ниту ним ниту на нивните семејства.

Значи, како што кажав, до 5 години е готова психичката структура. Кутри родители… Жал ми е што морам да им кажам… До 5 години треба на деата да им се пружа љубов голема. Барем до година. Дури ни после нема толку траги, како до 5 години. Детето го впива сето тоа. А, веќе го споменав принципот ЈАС. Секое дете се раѓа о различен принцпип ЈАС. Како поинаку да ги објасните светителите, ако не како големи луѓе? Мислите дека тие потекнува од којзнае какви добри семејства? Имало и такви, секако Но знаете колку се такви кои имале никакви родители. Светителите, а каде е еБетовен? Достоевски? Тој од страната на татко му има предци убијци, самоубијци, а татко му бил во затвор и селаните го убиле пред очите на малиот Достоевски, после што добил епилепсија. Тоа Фројд го објаснил. А, од мајчина страна, предците му биле свештеници, монаси, некои добри луѓе. Тој е најдобар пример за гениј кој во себе носи и ѓавол и Бог.

„Не си добар, ќе бидеш казнет“

Аман, немојте тоа да им го кажувате на децата. Детето цел живот ќе биде во страв од казна и ќе биде покорно или ќе стане бунтовник.

Ако треба да се одбере, подобро е детето да е размазено, отколку да расте во претерана строгост. Затоа што сепак, тоа дете низ животот во кое не е центар на внимание, некако се корегира. Но ако детето во себе носи страв и инфериорност, тоа останува за цел живот.

Моите пациенти кои доаѓаа на возраст од 15 до 20 години, во 90% од случаите ги обвинуваа родителите. Додуша, повеќето и беа во право.

Детето не е безгласна буква. Тоа слуша и впива и тоа што мислите дека не го слуша и разбира“.

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close