Кафе муабет

По масакрот одлучено да се укине емитувањето на Задруга – ЕМИСИИТЕ ЌЕ БИДАТ ОТКАЖАНИ од денес, па се до недела

Големиот шеф донесе одлука неколку дена да не се емитуваат емисиите заради прогласената жалост

На задругарите им соопштија трагична вест…

Во Белата куќа во која се снима реалното-шоу „Задруга“ пристигна соопштение од продукцијата кое што го прочита Иван Маринковиќ.

Писмото се однесува на страшната трагедија и ужас што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград кога ученикот К.К. (13) застрела и уби осум ученици и домарот, а рани шест и една наставничка.

Големиот шеф ги извести учесниците во шоуто дека во следните неколку дена заради жалост нема да се емитува емисијата и ги замоли натпреварувачите да се однесуваат во склад со ситуацијата коа што го потресе целиот регион.

Фото: Принтскрин/ Задруга

„Драги задругари, сакаме да ве известиме дека Србија од денес па се до недела е во жалост заради осумте деца кои настрадаа во трагедијата во основното училиште во Белград. До семејствата на трагично настраданите упатуваме искрено сочувство, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Бидејќи заради оваа голема трагедија се откажани сите емисии, ве советуваме следните денови да ги искористите да се одморите и наполните батерии. Се надеваме дека ќе се однесувате во склад с тажните денови што се пред нас и дека нема да дозволите кавги и ексцеси“.

„На Милјана и го честитаме роденденот кој ќе биде одбележан во Дубиоза каде можете веднаш да тргнете. Поздрав, Големиот шеф“, пишува во писмото.

Фото: Принтскрин/ Задруга

Откако Иван го прочита писмото ги замоли сите да се соберат околу црната маса и со минута молчење да оддадат почит за настраданите.

Фото: Принтскрин/ Задруга
Фото: Принтскрин/ Задруга
Фото: Принтскрин/ Задруга

Потсетуваме, во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската општина Врачар лицето К.К (13) изврши масакр.

По извршување на страшниот чин тој самиот се предаде во полиција, оставајќи зад себе осум мртви врсници и домарот на училиштето.

На конференцијата за новинари беше изјавено дека момчето го планирал злочинот подолго време, и дека во неговиот стан во кој што живеел, најдени се детални планови како планира да го изврши злочинот.

Фото: Приватна архива

Се’ уште се испитуваат сите околности во врска со случајот, како дошол до пиштолот, како и мотивите за овој гнасен злочин.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close