Дом и семејство

Погледнете во колку преслатко момче порасна синот на Сања Николиќ и Слаткар- раперот му посвети песна

Моша е нивниот божји дар...

Поранешната Мис на Македонија и манекенка Сања Николиќ речиси десет години е во хармоничен брак со раперот Марко Маринковиќ- Слаткар.

фото Фејсбук/Слаткаристика

Тие се еден од најпопуларните парови во Македонија, но многу вешто ја кријат својата приватност.
Хип-хоп изведувачот Марко Маринковиќ Слаткар или Слаткаристика и неговата сакана, мисицата Сања Николиќ во 2014 година одлучија да запловат во брачните водите. Четиригодишната врска ја крунисаа со брак.

фото Фејсбук/Слаткаристика

Во еден скопски ресторан за свадби организираа свадбена веселба на која присуствува многу нивни блиски и пријатели, но и луѓе од македонската естрада.

фото Фејсбук/Слаткаристика

Свадбената церемонија ја започнаа со популарната песна „Кажи да“ на Маринковиќ која беше специјално наменета за Сања.

фото Фејсбук/Слаткаристика

Сања и Слаткар скоро воопшто не се активни на социјалните мрежи, а приватноста ја кријат како змија нозете.

фото Фејсбук/Слаткаристика

На 15 април 2020 година го добија својот наследник, кој го крстија Моша.

Оттогаш очигледно нивниот живот драстично се промени, па двајцата се максимално посветени на малиот Моша.

фото Фејсбук/Слаткаристика

Гордите родили секој слободен момент го користат да го поминат заедно со Моша.

фото Фејсбук/Слаткаристика

Пред неколку дена Слаткар на својот профил на Фејсбук сподели фотографија со синчето па јавноста имаше прилика да види во колку преслатко момче пораснал малиот Моша.

фото Фејсбук/Слаткаристика

Слаткар на синот му посвети песна по повод неговиот роденден која е насловена “Насмевка”.

фото Фејсбук/Слаткаристика

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close