Дом и семејство

Тој е лош пример за сите мажи! Тончи Хуљиќ откри каков зет е Петар Грашо!

Тие одлично се согласуваат...

Петар Грашо и Хана Хуљиќ се во складен брак и ја имаат ќеркичката Алба која ја крстија на 17 февруари.

фото инстаграм/Петар Грашо

Иако парот не сака да се експонира јавно сепак неколку фотографии предизвикаа низа коментари дека Хана сама се грижи за бебето, дека Грашо многу малку поминува време со нив а тоа и самиот го призна непосредно пред Нова година кога имаше закажани низа концерти.

фото принтскрин
фото принтскрин/Инстаграм

Тој не беше присутен ниту за породувањето, ниту кога малата Алба излезе од породилиштето.

фото инстаграм/Петар Грашо

Сите овие ситуации доведоа до тоа да се коментира главно негативно за пејачот.

фото принтскрин/инстаграм

Можеше да се прочита: „Кутрата Ханица, вистинска самохрана мајка! Кутрата Алба, нема татко да ја извади од болница, или да ја носи на крштевка! Емотивно се сиромашни!“

фото инстаграм/Хана Хулиќ

По сите овие написи јавноста се интересира за мислењето на Тончи Хулиќ, таткото на Хана.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

– Во моментов сум горд, па и малку загрижен каква мајка е Хана. Затоа што од мало девојче се претвори во грижлива мајка која ја спречуваме нејзината ќерка да не ја изеде цела… Тој инстинкт е навистина неверојатен, таа сакаше да биде мајка и и се оствари желбата. Навистина уживаме со тоа дете и во најмала рака е специфично – изјави Тончи за Ин Магазин.

фото стори.рс

На прашањето дали има совет за неговиот зет Петар Грашо, тој одговори:

Фото инстаграм/Петар Грашо

– Тој е лош пример за сите мажи, човек кој е толку брилијантен во куќата, што сите пријатели што ги донесов со нивните сопруги ми рекоа повеќе да не ги носам да го гледаат. Човекот готви и тоа е неверојатно. Значи, нема потреба да му давам совети, и нема ништо полошо од тоа кога бабите и дедовците премногу се плеткаат. Мешајте се колку што бараат – заклучил Тончи.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close