Кафе муабет

Брижит Макрон во стилот на Меланија Трамп: Првата дама на Франција ги собра сите погледи со овој стајлинг кој е хит оваа пролет

Облече одело и покажа колку е елегантна...

Брижит Макрон важи за една исклучително стилизирана дама со префинет вкус. Каде и да се појави предизвикува бурни реакции поради нејзиниот елегантен и модерен стил на облекување.

фотоинстаграм/Брижит Макрон

Првата дама на Франција имаше уште еден моден погодок кога замина во посета на куќата во која некогаш живеела Ана Франк, која е претворена во биографски музеј, а беше придружувана од холандската кралица Максима.

фото профимедиа

Холандската кралица, која се истакнува по својот препознатлив стил за оваа пригода одбра светли бои, облече свечен фустан во беж-црвена боја. Салонките беа во иста боја, додека палтото и чантата беа црвени.

фото профимедиа

Брижит Макрон беше свечено облечена и покажа како се носи син костум – ова парче облека најдобро оди со бела кошула, црни чевли и чанта во иста боја. Има многу комбинации, но оваа се издвојува како најдобро решение. Панталоните се со едноставен крој, додека акцентот на сакото е ставен на длабоките џебови и луксузните златни копчиња.

фото профимедиа

Не може да се каже дека сопругата на Емануел Макрон отсекогаш била беспрекорно стилизирана но како што одминува времето, нејзиниот стил е се подобар а со изборот на чевли кои секогаш изгледаат беспрекорно, може да и парира на Меланија Трамп, кој е мајстор во изборот на чевли.

Фото Инстаграм/Брижит Макрон

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close