Новости

Од денеска започнува Страдалната седмица- последната недела од Христовиот живот, строг пост последните денови до Велигден

Влегуваме во последната недела од постот...

Страсна (Страдална, Велика) седмица — последната недела од Христовиот живот. За секој нејзин ден во богослужбените книги се зборува како за голем (велик) и свет, и во секој од нив, во сите цркви се извршуваат посебни богослужби.

фото илустрација

Денеска е Велики понеделник или Велипонеделник — ден од Страстната седмица. Според источното христијанство тој е трет ден од Страсната седмица, односно ден по Лазаровата сабота и Цветници. А според западното христијанство тој е втор ден од Страсната седмица, односно ден по Цветници.

фото илустрација

Во него, Црквата се потсетува на последните денови на Христос во Ерусалим, неговото влегување во Храмот и растерувањето на трговците од него, оти тоа е место за молитва, а не пазар.

фото илустрација

Христос на своите ученици во повеќе наврати им зборува за Своето страдење кое Му претстои, како и крајот на времињата и Страшниот суд.

фото илустрација

На Велики понеделник Црквата говори и за Неговата беседа во Храмот, за злобните лозари, како и проколнувањето на бесплодната смоква, која го претставува јудејскиот собор, во кој Исус Христос не нашол вистински плод, туку само лицемерна сенка на законот, но и човечката душа која не ја познава молитвата, покајанието, и која не носи духовни плодови.

фото илустрација

Овој ден го означува почетокот на седмата недела од Великиот пост, која се нарекува Света седмица. Според црковното предание, оваа недела Исус Христос направи големи дела, ја уништи смр.тта, го победи гревот и го отстрани проклетството од човечкиот род, отворајќи го патот кон небото. Името „страсна“ оваа последна седмица од постот го доби затоа што во овие денови се засилени молитвите, бдеењето и постот.

фото илустрација

Овој ден е строг пост, што значи дека еднаш во текот на денот се вкусувало нешто сосема малку, како вода или кафе. Се верува дека оваа недела на пост бил изложен и добитокот.

фото илустрација

Вторник е посветен на темата за мудрите девојки, кои за разлика од своите неразумни сестри, биле спремни за Господовото доаѓање.

Во Среда вниманието е свртено кон покаената блудница. Службата ја нагласува разликата помеѓу спасената грешна жена и погинатиот Јуда, избран како апостол: првата го дава своето богатство за Христа и ги бакнува Неговите нозе, а другот, пак, за пари Го продава со целив.

фото архива

Велики четврток е означен како ден на востановување на новозаветната пасхална жртва.

На Велики петок Господ Исус Христос е осуден, распнат и погребен.

Слегувањето во адот е на Велика Сабота

Христовото Светло Воскресение се случува на Велигден во недела.

Велигден се смета за најголем од сите празници. Според Евангелието, Исус ум.рел на Велики петок, распнат на крстот. Од крстот до гробот го носеле неговите тајни ученици Јосиф и Никодим, кои молеле дозвола од Пилат. На Велигден почиваат сите основи на христијанската вера и надежта на сите живи во воскресението. Начинот на одредување на датумот на Велигден е воспоставен во Никеја во 325 година.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close