Дом и семејство

Ваков сопруг би посакала секоја жена: Еве што и подари Бали Бег на сопругата по раѓањето на вториот син

Тој ја израдува со нов автомобил...

Омилените турски актери Бурак Озчивит (38) и Фахрије Евџен (36) на почетокот на годината станаа родители по втор пат, откако убавата актерка го роди нивниот втор син Керем.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Иако нејзиниот роденден е дури во јули, турскиот актер Бурак Озчивит одлучил порано да ја израдува својата сопруга со роденденски подарок и тоа не било каков, туку подарок кој би го посакала секоја жена.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Актерот, најпознат по улогата на Бали бег во серијата „Сулејман Величествениот“, кого го гледавме и во сериите „Дневник на љубовта“ и „Црна Љубав“, ги зема сопругата и синот од породилиштето на крајот на јануари и насмеано ги поздрави насобраните новинари.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

Така момчето пристигна во семејниот дом а синот Каран е многу возбуден од улогата на постар брат.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Двојката се повлече од очите на јавноста по породувањето на Фахрије но сепак, еден детал за нив стигна до медиумите!

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

Како што пишува CNN Türk, Бурак Озчивит решил на својата сопруга да и купи роденденски подарок по раѓањето на нивното второ дете, а изборот паднал на бел автомобил Range Rover. Покрај тоа, Фахрије добила и таблички со нејзините иницијали – 34 FE.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

Според медиумите, станува збор за најновиот модел на ова возило, кој е омилен автомобил на Бали бег, па тој со години го вози овој автомобил но во црна боја. Откако долго време ги имаше неговите иницијали на таблиците, во 2016 година реши да стави 34 FR на новите таблички, во чест на неговата сопруга Фахрије.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

Да потсетиме, второто дете на среќната двојка се роди на 18 јануари, а по излегувањето од болница изгледаа многу среќни.

– Породувањето помина многу добро. Керем изгледа како Каран кога бешебебе. Господ да им даде на сите што сакаат ваква среќа – потенцираа актерите.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Бурак потоа додаде дека Каран е горд постар брат кој едвај го чека новороденото братче.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

– Реакцијата на Керем е неверојатна, едвај го чекаше. Искрено, не изненади – откри актерот.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close