Новости
Утре е големиот христијански празник Благовец денот кога раната не боли: Ова се обичаите!
Благовец се смета и за празник на мајките...
Православните христијани утре го слават празникот Свето Благовештение попознат како Благовец.
Овој празник се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април.
Неговото народно именување е Благовец, Благоец, Блошчојне, Благостене, Благовден, Половина Велигден, Блошчење, Кукувден. Свето Благовештение е Богородичен празник, односно еден од празниците посветени на Пресвета Богородица.
Тие се поврзани со животот на Божјата Мајка, но и со самиот Исус Христос и затоа се смета за двоен празник: Господов и Богородичен.
Господов, бидејќи на овој ден Господ Исус Христос се воплотил – зачнал, а Богородичен, бидејќи Богородица станала Божја мајка.
Овој ден се смета и за ден на мајките, затоа што Богомајката Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки.
Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание.
Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.
На овој ден именден слават: Благоја, Блага, Баже, Благица…
Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки.
Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.
Извор: Википедија/ Курир.мк