Кафе муабет
Антониа Гиговска заблеска на модна ревија: ,,ДОБИВ КОМПЛИМЕНТИ ДЕКА СУМ УБАВА ТРУДНИЦА – ГОРДО ГО ПОКАЖУВАМ МОЕТО СТОМАЧЕ”
Пејачката заблеска на модна ревија...
Оваа година навистина возбудливо и полна со изненадувања започна за младата пејачка Антониа Гиговска.
Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска
Имено, таа токму на нејзиниот роденден ја сподели веста дека го кажала судбоносното ,,да’’, истовремено споделувајќи и дека е бремена.
Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска
,,Малечко мое, отсега секој мој роденден ќе го славиме заедно.’’ – напиша Гиговска под фотографиите кои ги објави тогаш на Инстаграм.
Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска
На фотографиите можевме да видиме среќен дечко кој позира со тестот за бременост во уста.
Имено, станува збор за новиот избраник на Антониа, младиот музичар Роберт Спасенцовски.
Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска
Инаку Роберт познат под прекарот Џокер, е дел од нејзниот бенд, и периодот наназад често објавуваа заеднички видеа на Инстаграм.
Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска
Неодамна, во една од нејзините последни објави пејачката се обрати до фановите и напиша:
„Антониа оди на заслужен одмор неколку месеци. Дојде моментот кога сакам малку да се опуштам и да се посветам на себе и на она што доаѓа…“.
Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска
Но, таа не престанува да биде активна на социјалните мрежи каде што има многу фанови.
Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска
Младата пејачка можевме да ја забележиме и на синоќешната модна ревија на дизајнерката Ива Спасовска.
Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска
Младата и згодна трудница дефинитивно ги украде погледите на присустните со нејзиното издание.
Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска
Таа излезе на сцена и беше задолжена да ги забавува гостите со што и овојпат докажа дека се работи за страшно добар вокал.
Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска
,,Си добив и комплименти дека сум многу убава трудница, па си викам што убаво било да прошеташ со стомаче. Да живее комбинезонот, немам сега многу избор“ – напиша Антониа на Инстаграм споделувајќи низа фотки.
Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска
Пејачката за оваа пригода беше облечена во црн комбинезон надополнет со ракавици и светкав накит.
Очигледно бременоста и’ годи, Гиговска изгледа прекрасно!
Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска
Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска