Бебе
Новак Ѓоковиќ стана чичко: Се породи Сашка Веселинов- голема прослава во семејството, ЕВЕ КОЕ ИМЕ ГО ДОБИ НАСЛЕДНИКОТ
Сите се пресреќни поради приновата...
Сопругата на Ѓорѓе Ѓоковиќ, поранешната водителка и дизајнерка Сашка Веселинов, вчера се породи и на свет донесе момче кое гордите родители решија да го крстат Александар.
Името Александар во превод од грчки јазик значи „оној што ги штити луѓето“.
Ѓорѓе и Сашка се венчаа во средината на септември минатата година и имаа луксузни прослави на две локации во Белград и во Црна Гора на плажа.
Многу јавни личности како Саша Ковачевиќ, Милица Павловиќ, Марија Микиќ, Александра Пријовиќ беа присутни на забавата и запејаа во чест на младенците…
– Ѓоле ме прави среќна на секој можен начин и ништо не му е тешко да направи за мене. Навистина ми е целосно посветен и благодарна сум што имам таков партнер – изјави Сашка за „Ало“.
Имено, членовите на семејството веднаш откако ја добиле убавата вест се собрале во семејниот ресторан во Нов Белград. Гостите ги пречекуваа Новак и Јелена, како и нивниот среден брат Марко, таткото Срѓан и мајката Дијана.
– Веќе почнавме да славиме, дома сме со пријателите и семејството. Ние сме семејство кое генерално сака големи прослави, особено кога се работи за вакви работи. Ова е најдоброто нешто што може да се случи и јас сум навистина среќна. Добивме ново внуче, нема ништо поубаво. Ви благодариме за честитките – изјави Дијана Ѓоковиќ.
По доаѓање на приновата се огласи и Срѓан, кој доби трето внуче.
– Голема радост за сите нас, ви благодарам на сите за честитките. Прославата веќе започна – рече Срѓан.
Сопругата на Ѓорѓе Ѓоковиќ, инаку, за време на бременоста изјавила дека од првиот ден била сигурна дека носи момче.
– Интуицијата не ме мами, тоа чувство го имав од моментот кога дознавме дека сум бремена – изјави тогаш Сашка за магазинот „Хелоу“ и додаде:
– Решив да се породам во Белград. Имавме различни можности и опции, но за среќа го најдов вистинскиот тим кој ќе ја менаџира мојата бременост. Најважно е се да оди како што треба, имам доверба во нашето здравство“, рече таа во таа прилика.