Дом и семејство

Ѕирнете во луксузниот стан на Сораја: Тука живее со богатиот бизнисмен- од овие детали ќе ви застане здивот

Сораја ужива во мајчинството...

Поранешната учесничка на „Големиот брат“ и една од најпознатите старлети Сораја Вучелиќ се породи минатиот месец и го роди синот Кан.

фото инстаграм/ Сораја Вучелиќ

Таткото на детето не и е познат на јавноста бидејќи таа го крие подалеку од медиумите но тоа не е случај со нејзиниот син со кого изминативе денови на социјалните мрежи споделуваше прекрасни моменти.

фото принтскрин инстаграм

Неодамна на Инстаграм ги покажала деталите од станот во кој живее, пиејќи вотка во женско друштво.

фото принтскрин/инстаграм

– Домашно кафуле! – напишала кратко Сораја Вучелиќ во описот на објавата на англиски јазик.

фото принтскрин/инстаграм

Уметнички слики на ѕидот, книги, огромен телевизор покрај темна маса, сето тоа можеме да го видиме во споменатата објава, додека Вучелиќ се снимаше како наздравува на народните песни кои се емитуваа на телевизија.

фото принтскрин/инстаграм

Да потсетиме, на Сораја со години и беше забранет влез во Србија поради заштита на јавниот ред и безбедноста на земјата и нејзините граѓани, како што беше објавено во една прилика.

фото инстаграм/ Сораја Вучелиќ

Социјалните мрежи на големо шпекулираат за тоа кој е таткото на детето, за кој Сораја не зборувала, а многумина се прашуваат дали тој е бизнисменот за кој старлетата се омажила и го додала презимето Масони.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

Медиумите пренесуваат дека Сораја со години е во врска со бизнисмен кој се крие од јавноста и кој води клуб во странство во кој настапуваат пејачи од Србија и регионот.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

Минатата година тој на Сораја и организираше роденденска забава во Истанбул која го чинеше дури 120.000 евра.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

Неколку месеци пред забавата, Сораја од него добила на подарок блиндиран џип, вреден 360.000 евра, пренесува „Мондо“.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

Инаку Сораја Вучелиќ се породи вчера во болница во Швајцарија и роди момче!

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

Породувањето на Сораја помина без проблеми, а наследникот доби највисоки оценки од лекарите.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

– Сораја е пресреќна! Таа стана мајка и сега целиот нејзин свет е подреден на новата улога на родител.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

Таа е маѓепсана од своето бебе. Не го пушта синот. Се заљубила во него од првиот момент кога го видела – вели извор близок на Вучелиќ.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

Сораја се породила во болница во Швајцарија, но нејзиното семејство ќе живее во Русија, пишува Курир.

фото принтскрин

– Во Цирих ја водеше бременоста со избраниот лекар, но наскоро ќе одлетаат за Москва, каде што ќе живеат. Доаѓа рускиот пасош на бебето и таму ќе биде нивниот дом. Ги затвори социјалните мрежи и врти нов животен лист – заклучува изворот.

фото инстаграм/ Сораја Вучелиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close