Дом и семејство
Турските “Анџелина Џоли и Бред Пит” ги отворија вратите од својот дом- владее топлина и хармонија, погледнете во каков луксуз живеат омилените актери
Уживаат во својата оаза на мирот...
Познатиот актерски пар е еден од најинтересните во Турција, а слободните денови сопружниците ги користат за дружење со своите деца.
Бергузар Корел и Халит Ергенч живеат мирен семеен живот со синовите и ќерката кои очигледно го имаат главниот збор во нивниот дом.
Откако се појавија на малите екрани во 2006 година како двојка во серијата „Илјада и една ноќ“, а потоа ја започнаа истата љубовна приказна во реалниот живот, турската актерска двојка се едни од омилените парови.
Она што некогаш беа Анџелина и Бред во Холивуд, може да се каже дека се овие сопружници во Турција.
Љубовта ја крунисаа со брак во 2009 година, а како круна на нивната долгогодишна љубов дојдоа синовите Али, Хан и ќерката Лејла.
Бергузар споделува моменти од семејниот дом со своите следбеници преку Инстаграм.
Можеме да забележиме дека пастелните нијанси и дрвото се она што преовладуваат во овој ентериер и му даваат чувство на топлина и удобност.
Делот од домот кој најмногу покажува како во него живее семејство со мали деца е секако аголот со играчки што им ја дава сета слобода и ја поттикнува креативноста.
Во продолжение погледнете каде живеат турските актери со своите наследници…