Кафе муабет
Пред еден месец направи тешка операција, сега за прв пат се појави во јавноста: Зоран Пејиќ се расплака среде интервју- откри се за здравствената состојба
Закрепнува по операцијата...
Зоран Пејиќ Пеја- пред извесно време изврши операција на срцето на Одделот за трансплантација на срце. На водителот му бил вграден бајпас а по неколку дена поминати во болница бил пуштен на домашно лекување.
Пеја моментално е пуштен на домашно лекување, а го чека закрепнување и мора да спие на грб.
– Докторот Светозар Путник ме оперираше на 8 февруари, а на операцијата имаше и други лекари и анестезиолози, кои ми пееја и бараа да пеам во Ѕвездите на Гранд. Се шегуваа со мене за да ме опуштат“, изјави тој за српскиот Курир.
Водителот долго време имал проблеми со срцето, чувствувал силни болки во градите, па се обратил за помош кај лекарите. Лекарите направиле детална анализа и заклучиле дека во неговиот случај најдобро е да се изврши операција и да се постави бајпас.
Пеја сега за прв пат по операцијата се појави во јавноста и ги откри сите детали, а во еден момент го совладаа емоциите.
– Не чувствував никаква болка. Обично се чувствува замор, болка во градите, но кај мене ништо! Докторот ме замоли да одам на испитување и тогаш дознав дека имам крвни садови на 80-годишен старец. Операцијата беше на 8 февруари. Таму, во болница, им кажав на сите да дојдат кај мене на шоуто – изјави Пеја.
-Исекотини имам на градите, на двете нозе… Морам да се вратам во нормала, наскоро повторно ќе почнам да работам. Стравот беше пред операцијата, никогаш немав такво нешто. Сите се плашат од такво нешто. Кога имате срцев удар, не знаете каде сте. Ти се чини дека влегуваш здрав во салата. Сето ова го истуркав. Сите беа со мене, роднини, пријатели, другари, дури сега сфатив колку богат човек сум – додаде водителот.
– Ми рекоа дека морам да се движам што повеќе. Бев послушен. Што и да ми кажаа, ги слушав докторите. Следниот ден станав од кревет, лежев еден ден. Така работев… – рече Пеја а потоа го совладаа емоциите и се расплака.
– Страшно е, тој прв пат да станеш после се. Сега се надевам на подобро – изјави Пеја во интервјуто.