Кафе муабет

СЕКОЈ ИМА СВОЈА БОРБА – ДА БИДЕМЕ ЉУБЕЗНИ, ТОА Е БЕСПЛАТНО – Лила Филиповска со емотивна фотографија за борбата со ракот

Лила по битката со ракот : ,,Не знаете кој со каков проблем се соочува, затоа секогаш бидете љубезни’’

Позади нејзиното име стои долгогодишна кариера, јавни преписки и многу случувања.

Фото/Принтскрин

Лила Филиповска важи за една од омилените водителки и Тв лица кај нас.

Фото/Принтскрин

Една од најубавите и најнегувани жени во Македонија од која жените земаат пример, а мажите остануваат без здив.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Во мартовското издание на магазинот Убавина и Здравје, Лила за прв пат јавно проговори за лавовската борба со ракот на дојка.

Фото/Принтскрин

-Се чувствувам одлично, победнички! Последниот пет-скен покажа дека канцерот се повлекол и дека сум здрава! Имам измешани чувства. На моменти се смеам гласно, па ќе ми надојдат солзи… Повеќе од една година бев во постојана неизвесност и сонував за овој момент кога докторите ќе ми кажат: „Лила, во оваа битка ти си победникот!“ За среќа, го дочекав тоа – изјави водителката за Убавина и здравје.

 

Фото/Принтскрин

Водителката истакна дека била во тотален шок кога и ја соопштиле дијагнозата. Се фокусирала на патот и се трудела постојано да остане позитивна.

фото Инстаграм/Лила Филиповска

На прашањето зошто ја споделува својата приказна водителката вели дека многу жени се соочуваат со оваа болест денес и потребен им е ветар во грб.

фото принтскрин/инстаграм

Веќе 25 години ја споделувам мојата интима со публиката, раскажувам за моите патувања, препорачувам производи и сметав дека е чесно да кажам дека се соочувам со сериозен здравствен проблем, дека ми дијагностицираа канцер на дојка и дека болеста не избира! Знаете, кога ја слушнав дијагнозата, бев во тотален шок! Можеби и ќе вриснев, но останав без глас – искрено и отворено раскажува Филиповска за Убавина и здравје.

фото принтскрин/инстаграм

Неодамна, водителката повторно се огласи во јавноста за да се заблагодари на многубројните пораки со поддршка и убави желби кои ги добила во изминатиот период.

Фото/Принтскрин

Водителката објави фотографија на која позира насмеана и со кратка коса, под која напиша:

,, Еве баш вака сум насмеана заради илјадниците пораки што ги добив од вас драги пријатели, тони љубов и желби за добро здравје. А што друго ни треба? Ако немаш здравје немаш ништо!!!

фото принтскрин/инстаграм

Ама кога го имаме често забораваме да го цениме. Секој има своја борба, и никогаш не знаеш кој со каков проблем се соочува… затоа секогаш биди љубезен, барем тоа е бесплатно.

Жалам што не можам на сите да ви вратам на прекрасните пораки, но еве на овој начин сакам да ви се заблагодарам искрено и од срце за одвоеното време и убавите желби.

фото принтскрин/инстаграм

Во наредниов период подетално ќе зборувам за мојот пат, се со цел да помогнам некому што можеби го поминува истото… затоа што во вакви моменти поддршката е најважна и ве молам секогаш кога можете давајте ја, затоа што тоа е главната сила во битката со секое зло, па и со ова-порача водителката.

фото принтскрин/инстаграм

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close