Нега и здравје

“Операцијата траеше 5 часа”: Лила јавно проговори за борбата со канцерот- “Ми го смени животот но не и мојата вредност”

Таа е вистински истрајна жена...

Лила Филиповска важи за една од омилените водителки и Тв лица кај нас. Пред една година таа се соочи со здравствен проблем за кој неодамна проговори јавно и буквално ги шокираше сите.

фото принтскрин Убавина и Здравје

Имено Лила Филиповска неодамна се најде на насловната страница на најновиот број од списанието ,,Убавина и здравје’’.

фото принтскрин/инстаграм

Во интервју за списанието, водителката отворено и емотивно говори за борбата со канцерот, за лекцијата која ја научила и за вистинските луѓе кои останале околу неа.

фото Инстаграм/Лила Филиповска

-Се чувствувам одлично, победнички! Последниот пет-скен покажа дека канцерот се повлекол и дека сум здрава! Имам измешани чувства. На моменти се смеам гласно, па ќе ми надојдат солзи… Повеќе од една година бев во постојана неизвесност и сонував за овој момент кога докторите ќе ми кажат: „Лила, во оваа битка ти си победникот!“ За среќа, го дочекав тоа – изјави водителката за Убавина и здравје.

фото принтскрин/инстаграм

-Операцијата траеше 5 часа и помина успешно. И додека некои мислеа дека во Истанбул сум на шопинг, јас бев на операција. Иако, морам да ви кажам, неколку дена по операцијата морав да чекам да ми ги извадат дреновите, но јас не лежев туку шетав низ Истанбул со другарка ми и со три дрена во џебовите, изјави популарната водителка за горенаведениот медиум.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Пред неколку дена Лила се појави на Саемот за венчавки и како и секогаш ги собра сите погледи.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Водителката и инфлуенсерка докажа зошто важи за една од најмоќните и најатрактивните жени кај нас. Во црна тоалета, со кратка коса Лила продефилира на саемот и ги засени присутните.

фото инстаграм/Лила Филиповска

Во својата објава на Инстаграм таа откри дека канцерот буквално и го променил животот но тоа не ја натерало да се откаже од борбата.

фото Инстаграм/Лила Филиповска

-Канцерот ми го смени животот но не и мојата вредност. Прв пат зборувам за мојата борба со канцерот, но не да ве траоризирам туку да ви кажам дека го победив тоа зло после година и кусур борба и дека сум тука да помогнам некому заедно да го победиме. Не заборавајте канцерот НЕ Е НЕПОБЕДИВ !!!! Јас сум доказ !!!!, напиша Лила на Инстаграм.

фото принтскрин/инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close