Кафе муабет

НЕ ЗАМИНУВАМ ЗАСЕКОГАШ – Спенџарска објави детали за преселувањето во Солун

Водителката објави детали...

Секогаш во центарот на вниманието, своја и уникатна.

фото Фејсбук/Јелена Спенџарска

Водителката Јелена Спенџарска повеќе од  15 години е во медиумскиот простор.

фото Фејсбук/Јелена Спенџарска

Скандали, јавни препукувања, суспендирања од нејзината матична ТВ-куќа, но и многу телевизиско искуство и напорна работа стојат до нејзиното име.

фото Фејсбук/Јелена Спенџарска

Беровчканата години наназад ја гледаме како дел од Утринската програма на Канал-5 телевизија.

фото инстаграм/Јелена Спенџарска

Иако летото го искористи за шетање и три месеци беше на неплатен одмор, од септември таа повторно се врати  на нејзината прва љубов – Телевизијата.

фото инстаграм/Јелена Спенџарска

Освен телевизиската работа, Јелена е доста активна и многу популарна и на социјалните мрежи.

Нема дел од денот кој не го споделува со своите следбеници на Инстаграм.

Периодов Спенџарска во многу наврати споделува фотографии и моменти со своето момче кое живее во Слун, соседна Грција.

 

Водителката не го покажуваше момчето во јавноста, но сепак реши токму на Католичкиот Божиќ да ги изненади своите фанови и да објави фотографија со саканиот.

фото Фејсбук/Јелена Спенџарска

Во своето последно интервју за Црнобело Спенџарска открива повеќе за љубовта со саканиот Лукас, за врската, за идните планови.

Јелена за првпат споделува како се запознаеле со Лукас, и дека тоа навистина било љубов на прв поглед.

 

Го запознав Лукас КОГА НЕ ГО БАРАВ и кога НАЈМАЛКУ ОЧЕКУВАВ. Сериозно. Оваа година воопшто немав време да мислам на партнер, затоа што многу други работи ми се случуваа во животот, расчистував прво некои работи со себе, се посветив максимално на мојот внатрешен мир, одлучив да си ја оладам главата со многу патувања и сакав да дознаам која сум јас во различни делови од светот. Тоа е процес што воопшто не е едноставен и трае, открива Спенџарска за Црнобело.

Неодамна, Спенџарска на своите Инстаграм фанови им откри детали за нејзиното селење во Солун.

Имено,, таа сподели стори на кое напиша:

„Времиња кога Солун ми беше само викенд дестинација 3-4 пати годишно и ни во најлуд сон не замислував дека преку две улици од овде еден ден ќе го пијам своето кафе понеделник наутро со човекот во кој сум вљубена и ќе ми рече – „Остани засекогаш“. OMG, сè е возможно во животот! Сè!“ – напиша Јелена под стара фотографија од Солун.

фото Инстаграм/Јелена Спенџарска

„Работата на телевизија си продолжува иако нема веќе да биде секој ден. Во студио ќе влегувам еднаш неделно, но да не бидете изненадени и ако почнете да гледате повеќе прилози од Солун. Морам да бидам и таму но и тука, сепак имам и доста приватни ангажмани, брендови со кои соработувам во Скопје кои бараат и физичко присуство. Не заминувам засекогаш. Тука сум и колку што можам им стојам на располагање на сите, плус не зезајте, еве го кај е. Ќе биде интересно.“- додаде таа.

фото Инстаграм/Јелена Спенџарска

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close