Бебе
Први фотографии од наследникот: Слоба го покажа синот- погледнете каков луксузен часовник и подари на сопругата
Не ја тргна насмевката...
Пејачот Слоба Радановиќ пред неколку дена стана татко, а неговата сопруга Јелена го роди синот Дамјан.
Името Дамјан води потекло од грчкото име Damianos (грч. Δαμιανος) и е изведено од старогрчкиот збор damao (δαμαω) што значи „да скроти“, кој доаѓа од санскритскиот збор „дам“, што значи „давање“, „оној што дава“.
Слоба се појавил пред приватната клиника насмеан и расположен, бебето беше во транспортер а пејачот само накратко рекол дека се чувствува совршено.
– Го видов на слики. За малку ќе заплачев, можеби плачев. Прекрасно чувство. Сакам сите да го доживеат ова. Се е во ред, фала богу. Сега одиме да организираме прослава – возбудено рече Слоба, по раѓањето на синот.
Инаку, Слоба ја израдува сопругата Јелена со скап подарок откако таа го роди синот Дамјан.
Радановиќ и купи на жената луксузен часовник, а таа го покажа подарокот на својот Инстаграм профил.
Јелена сподели фотографија од породилиштето на која се гледа часовник на кој е врежано „Те сакам засекогаш“.
Инаку Слоба, требаше да присуствува на породувањето, но бидејќи му најдоа бактерија во носот, се откажа за секој случај- изјави мајката на Јелена.
Да потсетиме, и за Јелена и за Слоба ова е втор брак.
Првиот сопруг на Јелена, со кој има две деца, е бизнисменот Игор Марковиќ, кој живее и работи во странство и, како што изјави претходно за медиумите, од самиот почеток ја поддржува романсата меѓу поранешната сопруга и Радановиќ бидејќи најважно за него е дека мајката на неговите деца е среќна и исполнета.