Кафе муабет

Конечно исплива вистината за разводот на Жика Јакшиќ и познатата водителка: Ова е тајната поради која Дајана Пауновиќ го остави! (ФОТО)

Сака да биде сам...

Откако заедно со Саша Поповиќ го основа Гранд и доживеа неверојатен успех, Жика Јакшиќ стана еден од најпосакуваните луѓе на музичката сцена.

фото инстаграм/Жика Јакшиќ

Ако се земат предвид истражувањата дека моќта и богатството се најголемите афродизијаци, не може да се обвинат припадничките на понежниот пол што сакаат постојано да бидат во друштво на Жика, а некои од нив дури и успеале да го освојат неговото срце и тоа на подолго време.

Фото Инстаграм/Жика Јакшиќ

Дајана Пауновиќ е една од оние кои паднаа на водителскиот шарм. Атрактивната русокоса го направи емотивниот живот на Жика Јакшиќ уште поинтересен и побогат, по венчавката го роди синот Душан, но за жал, како и првиот брак на Јакшиќ и вториот заврши неславно, а причината за тоа беше непозната за медиумите за долго време.

ФОТО: Инстаграм/Жика Јакшиќ /

Неуспехот на Жика кога се во прашање браковите, претходно му се припишуваше на се уште ергенскиот начин на живот на водителот, вечерните излегувања, отсуството од дома, но очигледно нешто друго беше во игра за што тој самиот неодамна зборуваше.

фото инстаграм/Жика Јакшиќ

Имено, емотивниот живот на Жика Јакшиќ, неговите подеми и падови, станаа малку појасни за јавноста и медиумите по неговото објавување на „Инстаграм“, поточно фотографијата на која има список на обврски на „добрите и послушните“ жени од 1955 година.

фото инстаграм/Жика Јакшиќ

Меѓу другото, на списокот се најде и дека жената мора да знае каде припаѓа, а очигледно е дека и двете негови сопруги разбрале дека тоа е далеку од Жика.

Најверојатно Жика само се шегувал со оваа објава, впрочем во тоа се сигурни сите дами кон кои покажал почит, но следеле критики на сметка на водителот и неговите ставови.

ФОТО: Инстаграм/Жика Јакшиќ /

Познатиот продуцент и водител не крие дека не е за живот во двајца и затоа нема намера повторно да стапне на „лудиот камен“.

ФОТО: Инстаграм/Жика Јакшиќ /

„Двата пати решив дека сакам развод. Не беше лесно да се донесе таа одлука, ниту пак ја донесов во афект. Човек прво мора да се бори за да го спаси бракот, но кога ќе види дека не може, треба да пресече. Кога престанав да се чувствувам добро во моите бракови, излегов од нив. Не сакам да звучам како да барам изговори, но навистина беше најдобро за сите. Ако е некаква утеха, јас сум во супер односи со двете бивши сопруги, се надминавме цивилизирано“, изјави Жика и истакна дека синовите секогаш биле на прво место.

ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстаграм

“Во разводите не треба да барате некого за да обвинувате, туку прифатите дека има луѓе кои се или не се еден за друг. Секогаш редовно се гледав со моите синови, бидејќи и двете мои поранешни сопруги се разумни. Ние децата секогаш ги ставаме на пиедестал и се мораше да биде во интерес на моите синови Душан и Андрија кои се обожаваат и имаат феноменален братски однос“, вели водителот кој за „Хит“ признава дека не е семеен човек.

ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстаграм

„Не сакам да сум на едно место, љубопитен сум и сакам сам да носам одлуки за мојот живот. По некое време не се чувствувам слободен во бракот, туку ме гуши и веројатно затоа има несогласувања. Можам да побегнам од секого, многу сум брз, но не можам од сам себе… Затоа не помислувам повторно да се женам. Се остварив и како сопруг и како татко , двапати. За мене секој нареден брак би бил свесен ризик. Ова за мене е одлично. Имам две деца, пријатели, работа што ја сакам и феноменална средина“, изјави Јакшиќ.

ФОТО: Инстаграм/Жика Јакшиќ /

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close