Кафе муабет

Весна Бејби откри каква траума доживеала нејзината ЌЕРКА: „Морав да ја отпишам од училиште“

Популарната македонска актерка се огласи и откри каква траума доживеала нејзината ќерка.

По немилиот настан кој се случи вчера во Белград, а го потресе и светот, многу познати личности се огласија на социјалните мрежи, меѓу нив и Весна Бејби Петрушевска.

Ученик од о.у. „Владислав Рибникар“ во Врачар вчера уби 8 ученици од училиштето и чуварот, а тешко рани уште 6 и наставничката по историја.

ФОО: Принтскрин

Во Србија е прогласена триднвна жалост, а наставата во сите училишта низ Србија утрово започна со минута молк, за да се оддаде почин на настраданите ученици и вработени од училиштето.

Оваа вест ја потресе и Македонија и многу од нашите популарни личности беа потикнати да проговорат и да помогнат во подигање на свеста за врсничкото насилство, како и домашното воспитување.

ФОТО: Принтскрин

Популарната македонска акерка Весна Бејби Петрушевска си ја отвори душата и проговори за она што го доживеала нејзината ќерка од своите врсници.

„Денес е тажен ден за сите …децата знаат да булираат,оние кои што се булирани не зборуваат за тоа!Се сеќавам како мојата ќерка беше булирана после траумата за која не беше виновна.Деца на нејзина возраст.Ја отпишав од тоа училиште оти родителите на булерите имале против што учат со неа.Мразам оружје,никогаш ни на сцена не сум го користела како реквизит.

ФОТО: Фејсбук / Весна Бејби Петрушевска

-Со Коста детето што уби 9 човечки животи е една погубна поука да почнете да разговарате со своите деца,да ги слушнете,да клекнете на коленици и да ви шепнат што ги мачи.Во мојот живот се изнагледав насилни деца и жртви на насилниците.Одете до трети спрат психијатрија на клиника!Одете видете не е тоа далеку од вас!Родителите сакаат се најдобро за своите деца во тоа не се сомневам,ама не ги гледате,не сте сведоци на нивните паѓања и трауми.Што мислите колкав гнев имал Коста ?Веројатно немерлив

-Цело време зборувам за ментално здравје вие сте застанати кај анксиозност.

ФОТО: Фејсбук / Весна Бејби Петрушевска

-Соочете се со опасноста на врсничкито насилство.Не оди вашата флоскула “моете дете никогаш”. -кога веќе сте на 5 метри од вашето дете тоа е друг лик.Многу е страшно и проклето жално за загубата на сите жртви.Ова го има и кај нас.Образовниот систем ни е ерозија , гледаат одвратни риалити програми,насилни гејмерски игри,социјални мрежи кои сосема погрешно се користат.Во каков свет ни растат децата.

-Сочуство,тажен ден за сите нас …..“

ФОТО: Фејсбук / Весна Бејби Петрушевска

ФОТО: Фејсбук / Весна Бејби Петрушевска

ФОТО: Фејсбук / Весна Бејби Петрушевска

ФОТО: Фејсбук / Весна Бејби Петрушевска

ФОТО: Фејсбук / Весна Бејби Петрушевска

ФОТО: Фејсбук / Весна Бејби Петрушевска

ФОТО: Фејсбук / Весна Бејби Петрушевска

ФОТО: Фејсбук / Весна Бејби Петрушевска

ФОТО: Фејсбук / Весна Бејби Петрушевска

ФОТО: Фејсбук / Весна Бејби Петрушевска

ФОТО: Фејсбук / Весна Бејби Петрушевска

ФОТО: Фејсбук / Весна Бејби Петрушевска

ФОТО: Фејсбук / Весна Бејби Петрушевска

ФОТО: Фејсбук / Весна Бејби Петрушевска

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close