Дом и семејство
Не штеди за неа: Сопругата на Слоба се пофали со подарок од 7.500 евра- фолкерот не крие колку е среќен што стана татко
Тој дури и заплакал...
Пејачот Слоба Радановиќ пред неколку дена се оствари во улогата на татко кога неговата сопруга Јелена се породи во приватна клиника и роди син на кој му го дадоа името Дамјан.
Радановиќ не крие колку е среќен поради приновата па на сопругата и купил скап часовник од позната марка, кој таа прво не сакала да го покаже, но потоа се предомислила.
Јелена, која се уште е во породилиштето, го сликала часовникот и на своите следбеници им покажала како изгледа, а на задната страна се изгравирани зборовите:
– Те сакам засекогаш.
Јелена призна дека за неа е примитивно да се фали со подарокот, но не можела да одолее:
– Добро, знам дека оваа снимка е многу примитивна, но воодушевена сум – напиша г-ѓа Радановиќ.
Слоба, кој беше пресреќен од моментот кога стана татко, не криеше дека дури и заплака кога првпат го виде малиот Дамјан:
– Го видов на слики. За малку ќе заплачев, можеби плачев. Прекрасно чувство. Сакам сите да го доживеат ова. Се е во ред, фала богу. Сега одиме да организираме прослава – возбудено рече Слоба.
А колку е среќен говори и тоа што не се штедеше кога станува збор за подарок за сопругата Јелена, на која и купи часовник по цена од над 7.500 евра.
По породувањето се огласи и мајката на Јелена која откри дека бебето личи на таткото.
– Видов фотографија од бебето. Тоа е исто како татко му. Највисоката оцена ја доби од докторот – десет од десет. Има 3.290 грама. Мама се чувствува одлично, се помина добро. Се породи со царски рез. Таа била будна, свесна и веднаш го видела бебето. Таа е насмеана и среќна што повторно стана мајка. И Слоба, требаше да присуствува на породувањето, но бидејќи му најдоа бактерија во носот, се откажа за секој случај- вели мајката на Јелена.
Да потсетиме, и за Јелена и за Слоба ова е втор брак.
Првиот сопруг на Јелена, со кој има две деца, е бизнисменот Игор Марковиќ, кој живее и работи во странство и, како што изјави претходно за медиумите, од самиот почеток ја поддржува романсата меѓу поранешната сопруга и Радановиќ бидејќи најважно за него е дека мајката на неговите деца е среќна и исполнета.