Кафе муабет
Бившата на Кајмакоски ги запали социјалните мрежи – СЕ СОБЛЕЧЕ ГОЛА И ПОЗИРАШЕ НА СНЕГ ЗА ВАЛЕНТАЈН
Кристина позираше гола на снег за Валентајн...
Важи за една од најзгодните и најатрактивни поранешни манекенки во земјава. Но, бившата сопруга на Даниел Кајмакоски, Кристина Димитриевска во изминатиот период покажа дека знае како треба и на естрадната сцена.
Имавме можност да ја видиме на овогодинешното издание на Макфест 2022 каде заедно со Борјан Илковски, попознат како диџеј Боно ја отпеаја песната ,,Салса’’.
Пејачката секојдневно изненадува со нејзиниот смел и храбар стил на облекување, а доста провокативно се појави и на Макфест.
Секојдневно е активна на социјалните медиуми каде постојано објавува фотографии со кои ги воодушевува своите фанови.
Манекенката Кристина Димитриевска и пејачот Даниел Кајмакоски ставија крај на нивниот брак во 2020 година.
Инаку, македонскиот пејач Даниел Кајмакоски пред неколку дена се ожени со својата нова избраничка а пред три години се раздели од сопругата Кристина Димитриевска, која е 13 години помлада од него. По разделбата паднала во депресија со која се борела долго време.
За Валентајн манекенката и пејачка се сликаше скоро гола позирајќи на снег.
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска
Во секси долна облека и високи црвени чизми таа на своите фанови им го честиташе денот на вљубените.
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска
Таа во описот на фотографијата стави стих од најновата песна на Мајли Сајрус па напиша:
,,Можам да се сакам самата подобро отколку што ќе ме сакаш ти’’.
Кристина и овојпат привлече внимание со фотографиите и собра доста лајкови и коментари!
Навистина храбро!