Кафе муабет

ПОЗНАТАТА ТУРСКА АКТЕРКА ИСЧЕЗНАТА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА: Јавноста стравува од најлошото: „Таа е под урнатините, нема ни трага ни глас од неа“?

Последната објава на Џансу е на 5 јануари...

Џансу Дере (42) во 2000 година ја освои титулата Мис на Турција, но поради политички одлуки не можеше да оди на светскиот натпревар.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Таа е една од најбараните и најпознатите актерки во Турција но денес во медиумите одекна веста дека наводно исчезнала по силниот земјотрес што ја погоди Турција.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Актерката која се прослави по улогите во многу турски серии како што пишуваат мрачните медиуми, наводно е под урнатините бидејќи немало никаков знак од неа, и никаков глас со денови.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Но, јавноста е изненадена и од фактот што ниту семејството на популарната актерка се уште не се изјаснило за овие наводи.

фото инстаграм/cityradioalbania

Од друга страна, нема потврда дека Џансу Дере во тоа време била на југот на Турција, а нејзината последна објава на Инстаграм е од 5 јануари.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Атрактивната Џансу најмногу добиваше главни улоги во серии кои беа многу популарни кај нас. Таа глумеше во познатата серија „Езел“, а ја толкуваше и улогата на Ајсан Атај, која беше најголемата љубов на главниот лик Езел, кој го игра Кенан Имирзалиоглу.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Исто така, Џансу важи за една од најплатените актерки.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Приватниот живот на оваа убавица е толку турбулентен што ниту една сапуница не би и била рамна.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Најмногу била разочарана од врските кога во 2009 година требало да се омажи за турскиот комичар Џем Јилмаз, но тој се вљубил во нејзината најдобра пријателка Аху Јагта, со која Џансу учествувала на ревии на почетокот на нејзината кариера.

Фтоо Инстаграм/ Џансу Дере

Тој се оженил со неа и добиле дете но среќата не траела ниту три години. По распадот на бракот Џем се обидел да се врати кај неа,но таа повеќе не ни размислувала за тоа.

Фтоо Инстаграм/ Џансу Дере

– Поради тоа плачев со денови. Бев изневерена, повредена и ништо не можеше да ме расположи. Бев на дното. Моите пријатели работеа напорно околу мене, постојано ме изнесуваа надвор, се обидуваа да ме насмеат и расположат, но јас тонев се подлабоко во мојата депресија, изјави тогаш таа.

Фтоо Инстаграм/ Џансу Дере

Но, тоа не е единствениот љубовен крах што го доживеала. Кога стрелата на Купидон конечно повторно ја погоди и таа започна врска со нејзиниот менаџер Џем Ајдин, повторно беше изневерена.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

– Ладна сум како мраз и таква ќе останам. Некои работи не ја засегаат јавноста затоа што се приватни, па се однесуваат само на мене. Не им се оправдувам на моите родители, ниту на другите. Лажењето е толку лоша особина што не сакам да имам лажго во мојот живот. Всушност, колку побрзо тој излезе од мојот живот, толку подобро, барем според мене, рече тогаш таа.

Фото Инстаграм/ Џансу Дере

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close