Кафе муабет

Рада Манојловиќ заврши во прегратките на поранешниот: Повторно е насмеана и среќна благодарение на него

Повторно е во врска со Харис...

Повеќе од една година атрактивната пејачка Рада Манојловиќ е во центарот на медиумите, а сето тоа затоа што престана да се појавува во јавноста со нејзиното момче Харис Берковиќ.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Во јавнодста веднаш излезе веста дека раскинала со него, што резултирало со лавина текстови за нејзините бивши.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Веднаш штом престанаа пишувањата за тоа дека ја обновила романсата со Милан Станковиќ, почнаа нови шпекулации за Момир Гајиќ, а во исто време не престанаа написите во весниците за раскинувањето и помирувањето со Харис.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Со оглед на тоа што не е склона кон негирања, пејачката избегна да се огласи по некое од споменатите тврдења, а со тоа ненамерно поттикна нови шпекулации за нејзиниот емотивен живот.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

На изненадување на многумина Рада минатата година на социјалните мрежи откри дека повеќе не е девојка на Берковиќ, и дека сама го продолжува животот.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Обожавателите на пејачката тогаш беа разочарани а доказ за тоа се бројните пораки за поддршка што ги добиваше во следните месеци. Писмата во кои фановите секој ден ненамерно ја потсетуваат Рада на прекрасниот период поминат со Берковиќ очигледно влијаеле таа да му се врати.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Заљубените партнери беа фотографирани пред две недели на заеднички настап. Бидејќи тоа го избегнуваа по раскинувањето, ова на некој начин им беше прва потврда за обновувањето на нивната романса, а пред некој ден стигна и втората.

фото инстаграм Рада Манојловиќ

Имено, Манојловиќ после долго време објави заедничка фотографија со Харис и дел од дуетот кој публиката го обожаваше.

фото инстаграм Рада Манојловиќ

Заклучокот дека поранешните љубовници решиле да и дадат уште една шанса на својата врска беше очигледен, а факт е дека ништо не ги спречува да продолжат таму каде што застанале.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Никогаш немало лоша крв меѓу нив, не се склони кон кавги, навреди и друго, особено не медиумски, а сето тоа е доволно добра почетна точка кога станува збор за обновување на љубовта. Се очекува Харис наскоро да ги префрли своите работи во станот на Рада а можеби овојпат двајцата да стигнат до олтарот, на што многумина се надеваат.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close