Кафе муабет
Милена Антовска Станковска: СРЕЌНА СУМ ВО ШТО СЕ ПРЕТВОРИВ ДЕНЕС, ДА СЕ БИДЕ МАЈКА Е НАЈГОЛЕМИОТ БЛАГОСЛОВ И СРЕЌА
,,Сакам деца и многу сум среќна што Бог ме дари со две прекрасни чеда''
Јавноста ја запозна како една од првите водителки на утринската емисија на Канал 5 телевизија каде заедно со водителот Роберт Јанков ја водеа програмата.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска Станковска
Милена Антовска, а последните неколку години и Станковска важи за едно од најубавите и најшармантни тв-лица кај нас.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска Станковска
Изминатата година Милена паузираше од тв-екраните, користејќи породилно отсуство по втор пат откако на свет ја донесе нејзината втора ќеркичка Јоана.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска Станковска
За мајчинството, работата, професионалниот наспроти приватниот живот, предизвиците на една успешна жена во 21-век и за сите новости поврзани со нејзиното име разговараме во интервјуто за Гламур Магазин.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска Станковска
Милена, Ви благодарам што ја прифативте нашата покана за интервју.
Како сте?
- Благодарам на прашање одлична сум. Ви благодарам на поканата..
Важите за една од најпосветените новинарки и водителки во Македонија. Јавноста Ве запозна и како една од првите водителки на утринската емисија на Канал-5 телевизија. Какви беа вашите почетоци?
- Моите почетоци беа во 2009-та година најпрво како дел од информативна редакција, како новинар/репортер, за после неколку месеци да ме повикаат да бидам дел од утринската програма на Канал 5 и така станав првата водителка на “Здраво Македонијо’’.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска Станковска
Колку е предизвик за Вас од годините наназад па се’ досега да се задржи тој континуитет и професионализам во работата?
Фото:Инстаграм/Милена Антовска Станковска
Да се остане доследен и професионален во било која професија не е лесно. Напротив, тоа е многу тешка задача за секој од нас. Но, доколку си ја сакаш работата да се биде професионален мислам дека не треба да биде проблем. Јас искрено се’ уште не можам да се замислам како работам нешто друго и затоа секој ден ми е нив предизвик затоа што постојано сум во комуникација со различни профили на луѓе со кои обрботуваме теми од сите животни сфери.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска Станковска
Изминатата година паузиравте од тв-екраните искористувајќи по вторпат породилно отсуство. На свет ја донесовте Вашата втора ќеркичка Јоана. За по девет месеци повторно денес да и’ се вратите на публиката. Колку ви недостасуваше работата?
- Искрено, ми недостасуваше прилично многу, повеќе отколку после првото породилно отсуство хахаха. Се’ си има своја убавина. И дома со децата, но и на работното место.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска Станковска
Мајка сте на две прекрасни ќеркички, постарата Лана Марија и помалата Јоана. Колку Ве промени мајчинството?
- Па ми се промени начинот на живот целосно, но однос во однос на тоа дали мене како личност ме промени можам да кажам дека станав уште почувствителна отколку што бев.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска Станковска
Го прославивте 36-тиот роденден и по тој повод на социјалните мрежи напишавте: ,,Колегите ми велат дека и со 36 години газам’’.
Моето прашање е дали се сметате за релизирана и исполнета жена во овие 36 години?
- Да, среќна сум и исполнета на секое поле. Тоа што сум си го замислила досега сум си го исполнила.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска Станковска
Неодамна славевте и прв роденден и крштевка на Јоана. По повод таа прилика кажавте дека тоа е еден од Вашите најубави денови во животот. Колку е важна улогата на мајка за Вас?
- За мене е навистина многу важна. Сакам деца и многу сум среќна што Бог ме дари со две прекрасни чеда. Да се биде мајка за мене е благослов и неизмерна среќа.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска Станковска
Која е тајната за баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот на една успешна жена денес?
- Тајната е во трпението и желбата за успех на двете полиња. Потребно е разбирање и љубов од блиските исто така. Со добар план и организација може се да се направи и во се’ да се успее.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска Станковска
Честопати сте гласен говорник за доста актуелни и важни теми во општеството. Говоревте за анксиозноста како состојба со која и самата се соочувавте. Колку јавното говорење токму на овие теми е важно?
- Па сметам дека е многу важно, затоа што ние како јавни личности не треба само да се сликаме за социјалните мрежи, туку треба и да говориме на теми кои можат да помогнат на многу луѓе, но секако треба и многу да внимаваме затоа што сносиме и одговорност.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска Станковска
Како ја надминавте состојбата на анксиозност?
- Мислам дека нема човек што барем во еден момент од својот живот не се соочил со оваа состојба. Некои полесно се справуваат некои потешко за жал. Важно е да се препознае, прифати и говори за тоа. Секој треба да си го најде својот”’ издувен вентил‘’ и да го промени или избегне тоа што предизикува анксиозност кај него/неа. Тоа не исчезнува магично, туку учиш да се справуваш и да не го перцепираш.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска Станковска
Во една прилика јавно се обративте до оние кои Ве критикуваа дека една мајка на две деца не смее да си дозволи да носи кратки здолништа, па иронично се извинивте објавувајќи уште една фотографија од Вас. Како ќе го прокоментирате тоа?
- Хаха македонска работа… Многу ја сакам Македонија и нашиот народ ама наистина знаеме да бидеме лоши, завидливи и зајадливи. Такви коментари секогаш имало и ќе има. Никому не сум згрешила ниту сум нанела зло, така што кој што сака нека си коментира.
Мајчинството, работата, децата, сопругот и домот – колку за една жена е предизвик да се носи со сите обврски кои и’ ги носи секојдневието?
- Па голем предизик е секако, посебно затоа што сум како велат маж -жена хахаха. Бидејќи кај нас уште за жал работите се делат на машки и женски, можам да кажам дека одлично се снаоѓам со се и со сите обврски без разлика дали е за дома и семејстото или на работното место.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска Станковска
Колку Ви помага сопругот? Важи ли за посветен и грижлив татко?
- Да, грижлив татко е се разбира, си ги сака децата најмногу на свет и поминува што е можно повеќе време со нив.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска Станковска
Што ја прави Милена среќна?
- Среќна ме прави тоа во што се претворив денеска, среќна ме прават моите деца, моето семејство… Среќна ме прави фактот што наблиските ми се на број и среќна ме прави секој момент на мир и спокој.
Фото:Инстаграм/Милена Антовска Станковска
Кои се Вашите цели и предизвици за во иднина?
- Не сум суеверна, ама немам обичај многу да откривам, затоа ќе кажам дека сакам само здравје и се ќе си биде како што треба.
Ви благодарам!
Автор: Викторија Петровска