Дом и семејство
Фотографии од Шумахер кои откриваат како изгледа по несреќата: Семејството го крие од јавноста а еден човек се заканува дека ќе открие се
Велат дека живее вегетативно...
Поминаа девет години од несреќата на скијање на француските Алпи каде што беше тешко повреден, а седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер оттогаш не е виден во јавноста.
Случајот со Михаел Шумахер, човекот полн со живот, енергија и сила, кој остана врзан за кревет по повредата е еден од најшокантните во светот.
Познатиот возач на Формула по трагична несреќа на скијање на Алпите во декември 2013 година беше во вештачка кома до јуни 2014 година, а од септември истата година се лекува во својот дом.
Грижата за неговото здравје ја презеде тим лекари, а неговата сопруга Корина Шумахер (52) беше принудена да го препродаде имотот за да може да го плати скапиот третман што му беше потребен на Мајкл за да остане жив. Таа претходно продаде вила во Швајцарија, како и луксузниот мерцедес на Михаел.
Јавноста многу малку знае за неговата моментална состојба. Познато е дека неговото лекување по барање на семејството Шумахер се одвива во нивниот семеен дом. И не само што е забрането сите да зборуваат како е Шумахер, забрането е и да се фотографираат со него, но сега се појави некој кој тврди дека има негови фотографии и се заканува дека ќе ги објави.
Според италијанските медиуми, неименуван маж го фотографирал Михаел Шумахер без согласност на неговото семејство и им се заканил дека ќе ги продаде фотографиите на медиумите за еден милион евра.
Станува збор за некој кој е многу близок со семејството и самиот возач, но медиумите не сакаат да го споделат идентитетот на личноста која на овој начин сака да тргува со приватноста на Шумахер.
Според италијанскиот печат, семејството на возачот знае дека некој ги нуди фотографиите на Михаел на најбогатите медиуми.
Шумахер е врзан за кревет од 2013 година, а неговото семејство инсистира деталите за неговата состојба и лекување да останат мистерија за јавноста.
— Тешко ми е… Сто пати се обидов да стапам во контакт со неговата сопруга Корина и таа не ми одговори. Му се јавив и на неговиот пријател Жан Тод, го прашав дали можам да одам во болница, а тој ми рече да почекам и дека е рано. Следниот ден пак му се јавив и никој не ми одговори. Сè уште сум лут поради тоа – истакна поранешниот агент на Шумахер, Вил Вебер, за италијанскиот весник Ла Газета дело Спорт.
Инаку, странските медиуми минатата година пишуваа дека „состојбата на Шумахер е вегетативна“, а тоа го потврди швајцарскиот невролог Ерих Ридерер.
Неодамна беше објавен документарен филм за Михаел Шумахер кој беше најавен како конечна вистина за познатиот возач бидејќи во него говореа сопругата на Михаел, Корина и синот Мик кој исто така е возач на Формула 1. Во гокументарецот тие зборуваат како се чувствува семејството по се што се случи.
– Живееме заедно во нашиот дом, спроведуваме терапии, правиме се за Михаел да биде подобар и да ја почувствува солидарноста на нашето семејство. Ми недостига тој Мајкл секој ден и не само мене, им недостасува на децата, семејството и на сите околу него. Но, Михаел е таму, различен, но тој е таму и тоа на сите ни дава сила, изјави тогаш Корина.
Се знае само дека Михаел може да седи и да комуницира со очите. Неговиот поранешен менаџер Вили Вебер претходно ја обвини Корина дека го крие Мајкл од светот и не дава никакви информации за неговото здравје. Тој во неколку наврати истакна дека намерно крие нешто и не сака никој да ја знае вистината.