Кафе муабет
Не личи на себе: Шехерезад направи голема промена- фановите воодушевени, ваква ја немате видено
Ја промени фризурата...
Турската актерка Бергузар Корел го шармираше целиот регион со својата убавина кога уште во 2011 година на нашите простори почна да се емитува серијата „1001 ноќ“ во која таа ја имаше главната улога.
Инаку, тоа беше турска серија која веднаш ја освои публиката а величествената Шехерезада ги освои срцата на многумина.
Со сопругот Халит Ергенч, попознат како Сулејман од истоимената серија, ужива во љубовта, а иако се повлече од малите екрани и се посвети на семејството, со оглед на тоа што важи за една од омилените актерки, секој нејзин чекор се следи внимателно.
Така, изгледот на убавата актерка постојано е мета на коментари, а новата фризура на Бергузар Корел деновиве е главна тема како за турската, така и за домашната јавност.
Актерката на „Инстаграм“ а следат повеќе од два милиони луѓе а последната фотографија која ја објави шокираше многумина со оглед на тоа што турската убавица се осмели драстично да го промени својот изглед.
„Луѓе, таа не личи на себе!; Таа е убава без разлика каква е нејзината фризура; Вака секоја жена треба да ја промени фризурата; – беа дел од коментарите под објавата.
Имено, таа ја освежила својата темно кафеава коса со посветли прамени, па решила да ги скрати шишките, што значително придонело за промената.
Секако многумина се согласни дека каква и промена да направи Бергузар е убава жена која ги освојува симпатиите со позитивната енергија и бисерната насмевка.
Една од најголемите промени беше кога ја скрати косата и носеше кратка модерна фризура но и тогаш многумина беа воодушевени од промената.
Во продолжение погледнете како изгледа сега убавата Шехерезад…