Кафе муабет

„Најважно е што сме заедно“: Хана Хуљиќ и Петар Грашо ги собраа сите погледи во Белград- убавата русокоса блесна во елегантна тоалета

Тие се среќни заедно...

Пејачот Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ ги собраа сите погледи на црвениот тепих пред доделувањето на MAC наградите.

фото инстаграм/Хана Хулиќ

Нивната ќерка Алба, за која наскоро планираат голема прослава по повод кршевањето со своите родители пристигна во Белград.

фото инстаграм/Хана Хулиќ

Брачниот пар Грашо-Хуљиќ  со својот стајлинг го воодушевија цел Белград.

фото Glossy.rs

Петар избра класичен црн костум, избирајќи црни очила како моден додаток, а Хана ги воодушеви сите присутни во долг црн фустан со реси.

фото Glossy.rs

Како што открија за медиумите, со нив во Белград отпатувала и нивната ќерка Алба.

Хана Хуљиќ дојде во Белград  во улога на поддржувач, да биде покрај својот сопруг, но и нејзиниот татко Тончи, кој всушност беше водител на доделувањето на MAC наградите.

фото инстаграм/Хана Хулиќ

– Хана е тука како ќерка на водителот и како сопруга на Петар – се пошегува Грашо и продолжи:

фото инстаграм/Хана Хулиќ

– А најмногу е тука како мајка на нејзината ќерка, од која тешко се одвојува, па максимално ги доловуваме тие моменти заедно. Како дете веќе била во три-четири земји, патувала и многу сака да патува. Најважно е што сме заедно – изјави Грашо.

фото Стори.рс

Нема сомнеж дека ќерката Алба е центарот на нивниот свет а безусловната љубов кон неа дополнително ја зацврсти врската на емотивните партнери, кои наскоро ќе ја прослават првата годишнина од бракот.

фото инстаграм/Петар Грашо

На тој датум, како што пренесуваат медиумите наводно Петар Грашо ја планира крштевката на својата ќерка, а сите сили и енергија заедно со Хана ги насочиле кон тој многу важен настан.

фото инстаграм/Петар Грашо

Откако пејачот и неговата сопруга минатата година стапнаа на лудиот камен и ја направија интимна прослава, сите се надеваа, барем поширокиот круг на нивните пријатели кои не беа поканети на прославата, дека парот, како што вети, ќе направи голема прослава по раѓањето на нивната ќерка, журка за над 500 гости.

фото инстаграм/Петар Грашо

Седум месеци по раѓањето на наследничката, Хана и Петар, согласно ветувањето, беа зафатени со организирање на нова прослава, за која се уште не се знае со сигурност дали ќе биде за 500 гости, но датумот наводно е веќе резервиран.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Петар Грашо планира да ја крсти својата ќерка на 19 февруари во црквата Свети Доминик, каде што тој и Хана си разменија брачни завети пред една година.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close