Дом и семејство
ОВИЕ ЦВЕЌИЊА НИКАККО НЕ ТРЕБА ДА ГИ ЧУВАТЕ ВО ДОМОТ! Тие ви носат лоша среќа и лоша енергија
Избирајте цвеќиња според нивните карактеристики...
Иако секоја домаќинка сака да внесе во својот дом одредено цвеќе кое дава дополнителна убавина и топлина сепак треба да се внимава во изборот.
Според древната кинеска уметност на фенг шуи, трнливите, растенијата кои брзо венеат, вештачките и отровните растенија треба да се избегнуваат бидејќи се верува дека носат лоша среќа во домот.
Растенијата генерално внесуваат позитивна енергија во вашиот дом, но шилестите и бодликавите, како кактусите, се исклучок, пишува Fengshuibeginner.
Кактусот има остри и зашилени боцки кои наликуваат на „отровни стрели“ кои се насочени кон околината или кон личноста. Поради оваа причина, никогаш не треба да ставаме кактуси во дневната соба или спалната соба. Не сакаме негативната енергија да ни го нарушува одморот или спиењето.
Покрај тоа, ваквите растенија претставуваат безбедносен проблем бидејќи нивните остри врвови можат да предизвикаат повреди, особено ако имате мали деца.
Примарната цел на поставувањето на растенијата во домот е да се исполни просторот со зеленило, позитивна енергија и свеж воздух.
Затоа, сите растенија мора да се одржуваат правилно за да се одржат во живот. Затоа треба да се ослободите од изнемоштените растенија кои создаваат стагнантна енергија која е штетна за станарите и просторот.
Затоа, ако сакате да внесете растенија во вашиот дом, посветете се на нивно одржување. Ако не сте подготвени на таков чекор, можеби е подобро да се откажете од растенијата.
Не претерувајте со вештачките растенија бидејќи тие претставуваат привлекување луѓе со лажни мотиви или зли намери во вашиот живот.
Одржувањето на вештачките растенија исто така не е лесно и бара постојано чистење бидејќи тие лесно собираат прашина. Прашината и нечистотијата се несомнено лоши според фенг шуи.
По секоја цена, мора да ги избегнуваме растенијата во домот кои испуштаат отровни гасови, како што се мандалата и мимозата.
Избегнувајте ги a доколку сакате да подарите растение на ваша драга личност одлучете се за оние кои носат добра симболика и значење.