Кафе муабет

Ја паметите ли Ѓулсерен од “Парампарче”: Погледнете како изгледа денес убавата актерка која ја обожаваше цела Македонија

Таа е една од најубавите актерки...

Нургул Јешилчај (44) е една од најпознатите турски актерки која уште ја нарекуваат жената со илјада лица.

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Нашите гледачи ја гледаа како Ѓулсерен во хит серијата „Парампарче“ .

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Таа е родена во Афионкарахисар, град во средишна Турција и заврши глума на државниот конзерваториум Анадол во Ескишехир. Откако дипломираше на конзерваториумот, таа одигра две главни улоги во театарските претстави настанати според познатите дела. Па така таа го глумеше ликот на Офелја во „Хамлет“ и Блачне во „Трамвајот наречен желба“.

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Актерката веднаш откако ја заврши академијата го зема уметничкото име Јешилшај што во превод значи „зелен чај“.

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Нагрул во 2001 година дебатира во филмот „Sellale”, и од тогаш нејзината кариера се движи по нагорна линија.

Таа моментално е една од најплатените и највлијателните турски актерки а за една епизода од серија добила хонорар од 20.000 евра, што е сосема оправдано бидејќи веќе е познато дека серијата во која глуми ќе биде најгледана.

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Нургул ги прифаќа само главните улоги, иако тврди дека не ги бира според висината на хонорарот, туку според големината на предизвикот.

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Таа беше првата голема турска ѕвезда која сними љубовни сцени со жена, глумеше алкохоличар, се прослави како Јасемин од серијата „Љубов и казна“, а нејзиниот настап во еден од најголемите проекти на турската телевизиска продукција „Асмали Конаку“. “, исто така, беше голем успех.

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Шармантната актерка зад себе има голем број серии, а „Љубов и казна“ во која што ја глумеше Јасмин која работи во маркетинг агенција, не и остана во добро сеќавање заради драмата низ која минуваше во тој период. Таа имено, додека ја освојуваше публиката со својот неприкосновен талент за глума, на љубовен план во нејзиниот вистински живот минуваше низ сериозни проблеми. Во тоа време и пропадна шестгодишниот брак со актерот Џем Озер (61) со кого го доби синот Осман Нејат кој денес има 15 години.

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Пред неколку години на медиумите им откри дека била на диета и ослабела седум килограми, но пред тоа пробала и ботокс и се тргнало наопаку.

Се испоставило дека нејзиното тело не реагира добро на ботоксот бидејќи завршила цела отечена, па вели дека повеќе нема желба да експериментира.

Фото: Инстаграм/ Нурѓул Јешилчај

Има добиено бројни награди меѓу кои и онаа за најдобра актерка на 45-от „Antalya Golden Orange Film Festival“.

Фото: Инстаграм/ Нурѓул Јешилчај

„Ја работам работата што ја сакам. Настојувам да се фокусирам на моментот во кој живеам и уживам во секој од нив.

Фото: Инстаграм/ Нурѓул Јешилчај

Но и покрај тоа што зборува за својата работа со љубов, сепак постојат и тешки моменти, а вниманието на јавноста го привлече со случувањата за време на снимањето на серијата „Туѓ живот“, во кој толкуваше една од главните улоги. Наргул се збогуваше од својот лик и од останатата екипа, а се шушкаше дека проблемите настанале заради несогласувањата со колегата, актерот Еркан Петекај (50) кој во серијата го глумеше нејзиниот љубовник.

Фото: Инстаграм/ Нурѓул Јешилчај

Познатата актерката тогаш јавно во медиумите откри дека не сетот доживеала мобинг. Имено, Еркан е конзервативен кон жените и барал повеќето романтични сцени да се снимаат со помош на монтажа, а не со вистинска глума. Како што пишуваа турските медиуми, тој на Јешилчај отворено и кажувал дека би сакал да ги снима со неа сцените во кои се бакнуваат.

Фото: Инстаграм/ Нурѓул Јешилчај

„Немав намера во јавноста да излезам со оваа приказна бидејќи од серијалот заминав по 52 та епизода, патиштата ни се разделија и тука за мене беше крајот. Но Еркан јавно го валкаше моето име и изнесуваше лаги кои не можев да ги премолчам. Еркан уште во првата сезона зборуваше дека не може да го глуми мојот љубовник, а кога му кажав дека тоа е само работа и дека на мене не ми е проблем да глyмам пpocтитyтка или лезбејка, тој ми се развика ‘Тоа е она што најдобро го знаеш“’, откри актерката.
Таа објасни дека зад впечатокот на добронамерен и семеен човек всушност се крие ce*cиcт, егоист и тиранин со султански манири.

Фото: Инстаграм/ Нурѓул Јешилчај

Еве како изгледа денес убавата актерка:

Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај
Фото: Инстаграм/ Нургул Јешилчај

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close