Кафе муабет
Ќерката на Михајло Шаулиќ веќе ги стопи срцата на многумина ! Погледнете ја првата фотографија од преслатката Мања
Родителите се пресреќни...
Семејството Шаулиќ стана побогато за уште еден член. Синот на Шабан и Гордана Шаулиќ, Михајло и неговата избраничка Марина, станаа горди родители на преслатко девојче.
По големата тага која е присутна во нивниот дом речиси четири години, откако трагично почина кралот на народната музика, топлината во срцата и насмевките на лицата ја врати ќерката на Михајло Шаулиќ на чие доаѓање особено се радуваше на баба Гоца.
-Сите сме во шок од среќа, Мања ни е благослов. Сигурна сум дека денес Шабан би бил најсреќниот човек на светот бидејќи отсекогаш сакал да го види Михајло исполнет во улогата на татко. Сакам да се заблагодарам на нашата семејна пријателка, доцент доктор Ивана Ликиќ Лаѓевиќ, која го водеше породувањето. Во нејзиниот тим беше и докторот Игор Пилиќ, синот на професорот доктор Жарко Пилиќ, кој ме породи мене со Михајло пред 37 години – изјави за Курир гордата баба Гордана.
Породувањето на Марина помина без проблеми, а бидејќи новопечената мама се чувствува одлично, таа набрзо ја сподели првата фотографија од своето бебе. Ќерката на Михајло Шаулиќ, Мања, со првата фотографија ги освои срцата на многумина.
Следеа честитки и добри желби за здравје и среќа на наследничката Шаулиќ, а пресреќните родители со нетрпение чекаат да ја донесат убавицата во семејниот дом.
Ова е прво дете на Михајло и Марина а нејзиното раѓање се прослави како што доликува во кафеана.
Семејството до доцните часови уживаше во незаборавната атмосфера во чест на Мања, а тато и посвети позната песна малку видоизменета и ги објави стиховите „Ти си Мања татин син“.
Инаку, името Мања е варијанта на името Марија, преземено од руски. Марија е латинска форма на хебрејското име „Миријам“.
Како името на мајката на Исус, името има симбол на чиста и длабока љубов. Значењето на самото име не е дефинитивно разјаснето.
Според постарите толкувања, името потекнува од хебрејскиот збор „мир“ = „горко“ и „јам“ = „море“, па значењето би било „горчината на морето“. Според последните толкувања, се претпоставува дека името го добива своето значење од египетското „mry“ што значи „моја сакана“.