Кафе муабет
,,ДЕНЕС, СО НАШИОТ НАЈМИЛ СОПРУГ И ТАТКО ТРЕБАШЕ ДА ГО ПРОСЛАВИМЕ НЕГОВИОТ 56-ТИ РОДЕНДЕН – Семејството на маестро Џорлев емотивно по повод неговиот роденден
Требаше да го прославиме неговиот 56-ти роденден...
Виртуозот на виолина Зоран Џорлев последниот здив го испушти на Клиниката за инфективни и фебрилни болести во Скопје, како последица од коронавирусот.
Фото/Принтскрин
Џорлев беше еден од најпознатите и најуспешните виолинисти на македонската јавна сцена, почитуван од сите свои колеги.
Фото/Принтскрин
Како што беше известена јавноста тогаш, неговата состојба била стабилна, но oткако му се откачил тромб тој ја изгубил битката со виpyсот.
Фото/Принтскрин
Зад себе ги остави сопругата Офелија и синовите Наско и Мартин. И двајцата се талентирани за музика и често го придружуваа својот татко на настапите.
Фото/Принтскрин
Неговиот внук, Огнен Здравковски, кој сите го знаеме од учеството на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ во емисијата „Бекстејџ“ откри дека веста за cмpтта на виолинистот прва ја дознала неговата вујна, сопругата на Џорлев, а потоа целото семејство.
Фото/Принтскрин
,,Како велат – добрите луѓе му требаат на Бога, а ете тој прерарно му требал. Сега ќе им свири на ангелите, ќе не чува од горе“, кажа тогаш Огнен.
Фото/Принтскрин
Во едно од изданијата на емисијата Магазин и сестрата на Маестрото, Софче Џорлева отворено зборуваше за загубата на нејзиниот брат – легендарниот виолинист.
Фото/Принтскрин
„Многу бев приврзана со мојот брат, си замина поради вирусот. Живееме во време на една таква пандемија, на војна да речеме. Јас никако не можам да се помирам дека го изгубив од таква болест.
Фото/Принтскрин
Затоа што тој беше полн со живот, не беше ни болен претходно, немаше никакви потешкотии претходно, како украден ми отиде братот, ете така“, рече Џорлева низ солзи.
Фото/Принтскрин
„Спомените се многу болни, но сега мора да се живее. Не сум јас единствена што сум го загубила братот, јас го загубив и детенцето мое пред 20 и кусур години, родителите, ама и за брат многу е болно“, изјави пејачката.
Фото/Принтскрин
Неодамна, семејството се потсети на роденденот на маестро Џорлев, па на неговата фан страна напиша:
Фото/Принтскрин
,, Денес, со нашиот најмил сопруг и татко, требаше да го прославиме неговиот 56ти роденден.
Те сакаме бескрајно, ни фалиш!’’.
Фото/Принтскрин
Зоран Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството. Во прво одделение со семејството се преселил во Скопје.
Фото/Принтскрин
Уште во раното детство, во Струмица, започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина, а во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми.
Фото/Принтскрин
Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје. Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година.
Фото/Принтскрин
Џорлев почина на 1 јануари 2021 година, на 53-годишна возраст.