Дом и семејство
Ника Тошиќ го живее сонот на секој тинејџер: Наследничката на Карлеуша ја покажа својата соба полна со брендирани парчиња
Од мама го наследила стилот...
Ќерките на познатиот пар, Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ уште од мали нозе и беа интересни на јавноста која сакаше да знае како живее ова семејство во четири ѕида.
Атина Ника сега се тинејџерки и се повеќе го привлекуваат вниманието на јавноста.
Слободно може да се каже дека наследничките на Душко и Јелена се миленички меѓу нивните врсници.
Имено Ника тоа го докажува на својот профил на Тик Ток каде има бројни следбеници а добива и многу позитивни коментари за своите објави.
Сега помладата ќерка на Карлеуша ја покажа и својата соба а многумина искоментираа дека Ника го живее својот тинејџерски сон.
Наследничката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ често објавува слики од семејниот дом, каде секој детал е внимателно осмислен, а нејзината соба изгледа како рај за тинејџерите.
Ника има цела полица исполнета со плишани играчки и книги, масичка полна со козметика и гардероба која наликува на модна империја, па не се сомневаме дека пејачката уште од раното детство им го всади чувството за стил и мода кое го поседува, што е неприкосновено, единствено и за многумина недостижно.
Да потсетиме, Јелена и нејзиното семејство живеат во луксузна вила на Дедиње, која пејачката ја реновираше по нејзин вкус, а величествената зграда претходно му припаѓала на Драган Стојковиќ Пикси, од кого ја купиле во 2018 година и за неа искеширале 2,5 милиони евра.
Инаку веќе цела година се шпекулираше дека Јелена и Душко не се во добри односи и дека ќе стават крај на нивниот брак.
Во новогодишното интервју за телевизија Курир, на самиот крај на 2022 година, Јелена си ја отвори душата и искрено проговори за бракот со Душко.
– Не сме разведени, се уште живееме во четири ѕида, а времето ќе покаже се повеќе од тоа. Во 2023 година би сакала Душко да го промени начинот на размислување, почитувајќи ја и сакајќи ја мајката на своите деца – признала ЈК и додала:
– Верувам дека сè уште сме во брак бидејќи јас како дете на разведени родители секогаш се плашев од колапс и распад на семејството. Би го доживеала тоа како неуспех. Поради Атина и Ника, сакам да имаат чувство за заедница и семејство што е можно подолго, бидејќи тоа е многу важно. За жал, Душко го нема тој порив и чувство во себе, откри Јелена.
Имено таа не крие дека секогаш патела поради тоа што е дете на разведени родители па една од причините поради која не се одлучи за развод е токму тоа Атина и Ника да не бидат деца на разведени родители.
-Ме изнервира Душко Тошиќ, па морав да го казнам со еден пост, но не се разведовме. На хартија, не се разведовме и се уште живееме во иста куќа. Oдносот е специфичен, не знам како да се изразам без пак да ми се јави неговиот адвокат. Жално е што дури и го спомнувам неговиот адвокат, но ќе кажам една голема вистина и ќе ставам точка. Животот на Душко нема смисла без мене. Тоа е една голема вистина. Тој не постои без мене. Сè уште живееме многу убаво со нашите деца во нашите четири ѕида. Мама и тато не функционираат. Ова е тажната приказна на секој втор брачен пар во Србија. Бракот како институција пропаѓа пред се поради машкото непочитување кон жената, тоа за жал е голема вистина – рече Карлеуша.
– Кога станува збор за таткото, тоа е фигура која мора да постои. Тоа е една од причините зошто мојот брак со Душко трае и опстојува. Не сакам моите деца да бидат деца на разведени родители – изјави Јелена Карлеуша.