Кафе муабет
Јавноста во шок: Наследникот на кралот на ураниумот ја “шутна” ќерката на Жељко Митровиќ- јавно ја објави оваа порака, СЕГА СЕ Е ЈАСНО
Повеќе не се заедно...
Ќерката на Жељко и Милица Митровиќ, ако им се верува на објавите на Инстаграм, ја раскина свршувачката со украинскиот милијардер Илија, наследник на кралот на ураниумот.
Дека Кристина Митровиќ раскина со вереникот Илија можеше да се заклучи токму преку социјалните мрежи.
Иако според објавите кои ги презентираше на својот Инстаграм профил можеше да се забележи дека Кристина и Илија се хармоничен пар кој ужива во луксузен живот, сепак врската доживеа крах.
Имено, момчето на Кристина објави многу интересна содржина за која многумина тврдат дека е негов одговор на се.
– Фала ти Боже за лекциите. Не можев да бидам поблагодарен. Доста е доста. Време е да продолжам понатаму и да ги остварам моите цели за 2023 година – објави Илија на Инстаграм.
Потоа ги избриша сите романтични фотографии од него со Кристина.
Истото го направила и наследничката на Жељко, па на нејзиниот профил не може да се најдат спомени со нејзиниот вереник.
Бизнисменот Илија, кој ја запроси Кристина, е наследник на семејна компанија која произведува ураниум, па често се слуша дека тој е всушност наследник на кралот на ураниумот.
Семејството на Илија е едно од најуспешните во светот кога е во прашање ураниумот.
Илија има сопствен бизнис, кој го води во Лондон, каде што живее, но и во Обединетите Арапски Емирати.
Има сопствен приватен авион, обезбедување, возачи, како и голем број скапи автомобили кои ги менува речиси секојдневно.
Тој и Кристина се запознале за време на нивното школување во Англија, а Илија бил еден од најдобрите студенти, а се истакнува затоа што знае многу странски јазици.
Сите се интересираа како можела да го запознае Илија, кога се знае дека милијардерите се движат во тесен круг на луѓе, а некои се интересираа како дошол до пари на толку млада возраст што не може да ги потроши во два живота, ниту тој, ниту неговите идни правнуци.
Неговото име е многу познато и ценето во светот на бизнисот, но очигледно е дека Илија знае чесно да ужива во парите што ги заработува.
Летовите со приватен авион, кои чинат над 300 евра, скапите подароци со кои секојдневно ја опсипуваше саканата, зборуваат во прилог на тоа дека е многу галантен. За нештедењето сведочат и бројните фотографии од луксузни патувања, кои ги објавува на социјалните мрежи.
Иако Илија беше добро прифатен од семејството на Кристина а воедно и многу добро се сложуваше со нејзиниот татко Жељко Митровиќ, сепак на љубовта и дојде крајот, па останува на времето да покаже дали тие ќе си дадат втора шанса.