Кафе муабет
,,ВЕСЕЛАТА ДРУЖИНА’’ – Пејачот Благоја Грујовски објави фотографија со двата сина, погледнете на кого личат браќата
Благоја Грујовски се фотографираше со двата сина...
Македонскиот фолкер Благоја Грујовски повеќе од 30 години е на македонската музичка сцена но својот приватен живот го крие далеку од очите на јавноста.
Тој е еден од нашите најпопуларни и најхаризматични македонски пејачи.
Веќе долги години е дел од македонската музичка сцена и сѐ уште си ги одржува симпатиите кои ги има од домашната и странската публика.
Оcвен што е одличен во својата професија, тој одлично и изгледа. За Благоја како времето да запрело. Нема разлика во неговиот изглед од почетокот на неговата кариера, па се досега. За тоа најверојатно најзаслужни се гените.
На јавноста ѝ е познато дека долго време беше во брак со една од најубавите ТВ презентерки во Македонија и некогашна мисица, Татјана Стојановска, со која го има и синот Матеј.
фото Фејсбук/Благоја Грујовски
Татјана и Благоја Грујовски се разделија во 2007 година. Тогаш изјавија дека решиле оти подобро ќе функционираат раздвоено и остануваат во пријателски односи.
Тања и Благоја го задржаа пријателскиот однос поради синот и секогаш се коректни еден кон друг.
Сега ужива во љубовта со поубавата половина Ирена, со која исто така има син – Марко.
Имено, малкумина знаат како изгледа сопругата на познатиот пејач која од него е помлада 20 години. Тој е среќно оженет со својата сопруга Ирена, со која го има синот Марко, но со неа ретко се појавува во јавност.
Таа му го освои срцето и во 2009 година застанаа на лудиот камен. Но, својата приватност скржаво ја чуваат од медиумите и не сакаат публицитет.
За своите синови пејачот вели дека сепак нема да тргнат по неговите стапки затоа што покажуваат интереси за други работи.
Не можам да кажам дека сум строг татко, имам моменти кога сум изнервиран, па ќе свикам. Со големиот син нема потреба да сум строг. Тој е веќе дипломиран. Малиот, уште имаме доста за рсправија, има 11 години уште се расправаме со школо, сака да игра многу нинтендо.
фото Фејсбук/Благоја Грујовски
Неодамна, пејачот објави убава, семејна фотографија на неговиот Фејсбук профил.
Имено, тој во празничното селфи позира со своите двајца синови, постариот Матеј и помалиот Марко.
Во описот на фотографијата Грујовски напиша: ,,Веселата дружина’’, а на фотографијата може да се забележи дека тројцата изгледаат среќно.
Објавата доби многу убави коментари, а синовите дефинитивно ја наследиле убавината и гените од својот татко!