Кафе муабет
Исплива единствената семејна фотографија: Ова е синот на српската премиерка Ана Брнабиќ, никогаш не сме ги виделе волку среќни
Ретко се појавуваат заедно...
Српската премиерка кога и да се појави со своето семејство е во центарот на вниманието.
Имено Ана не крие дека живее хармоничен живот со својата партнерка Милица а центарот на нивниот свет е синот Игор.
Семејството на Ана Брнабиќ веќе неколку години е составено од тројца членови – српската премиерка нејзината партнерка Милица Ѓурѓиќ и нивниот заеднички син Игор.
Сепак, ова хармонично и среќно семејство досега не можеше да се види заедно на фотографија. Имаше многу прилики да ја видиме премиерката во друштво на нејзината партнерка, имаше и прилики да ја видиме Ана Брнабиќ заедно со нејзиниот син, но досега на ниту една фотографија не се гледаат сите тројца заедно.
Неодамна една фотографија од „Инстаграм“ откри како изгледа кога семејството на Ана Брнабиќ.
Новата фотографија го докажува она што веќе беше познато, дека синот на Ана и Милица е ужива во прегратките на премиерката па откако се сретна со неа во српскиот парламент каде силно ја прегрна, сега истото го направи и на оваа фотографија.
Семејството на Ана Брнабиќ е центарот на животот на премиерката, иако нејзиниот деловен распоред е многу збиен поради највисоката функција што ја има.
А оваа нова фотографија тоа го опишува во најдобро светло – Ана и Милица се обединети околу сите нешта што ги поврзуваат, но најмногу околу нивниот тригодишен син Игор, кој многу брзо расте.
Синот на Ана Брнабиќ видно порасна, а особено се истакнува неговата руса коса. Премиерката не крие дека семејството и е единствената слабост, а би сакала да има повеќе време за него.
– Навистина ми е тешко што не можам да поминувам повеќе време со семејството, тоа е страшниот аспект на оваа работа. Но, кога ќе ги видиме резултатите од нашата работа, станува многу полесно – изјави претходно премиерката Брнабиќ.
Ана и докторката не ја кријат љубовта, напротив премиерката на Србија секогаш е многу среќна и се чувствува убаво кога зборува за својата емотивна партнерка во медиумите, а речиси никогаш не заборава да го спомене и синот Игор кој е центар на нивниот свет.
Односот на Ана Брнабиќ и Милица Ѓурѓиќ е како и секоја друга врска, но поради некоја посебна причина се многу интересни за медиумите. Секоја нивна акција не може да помине незабележано.
Неодамна на новинарско прашање дали е точно дека во еден од градовите каде истополовите бракови се законски регулирани, Њујорк, Рочестер или Вашингтон, се заколнала на вечна љубов кон Милица Брнабиќ рече:
– Не, не е вистина. Слушнав и дека сме се венчале, но тоа не е точно. Во врска сме над 15 години, но не сме во брак. Последното нешто што би го направила е да си дадам поголеми права од кој било граѓанин на Србија. Јас никогаш не би го направила тоа. Тоа е спротивно на сите мои принципи. Верувајте, попрво би се убила – посочила премиерката која и покрај тоа што законски не го регулирала односот со избраничката ужива во заедничкиот живот и прави планови за иднината.