Дом и семејство

Многумина не веруваа во нивната љубов но тие го покажаа спротивното: Најзгодниот дедо се ожени со 27 години помладата сопруга, добија ќерка- Еве како изгледа денес наследничката на Џанлука

Тој е грижлив татко...

Згодниот Џанлука Ваки 54-годишниот италијанец, пред две години доби ќерка со 27 години помладата Шерон Фонсека.

фото инстаграм/Џанлука Ваки

Иако многумина тврдеа дека парот е заедно од интерес, сепак тие го докажаа спротивното.

фото инстаграм/Џанлука Ваки

Нивните фотографии на социјалните мрежи докажуваат дека Џанлука и Шерон се хармоничен пар и дека се заљубени како и првиот ден.

фото инстаграм/Џанлука Ваки

Контроверзниот Италијанец денес го нарекуваат најзгодниот дедо на светот, бидејќи е познат по неговата бела коса, брада и бројните тетоважи, а убавицата од Венецуела потполно го скроти.

фото инстаграм/Џанлука Ваки

Тие истакнуваат дека разликата во годините воопшто не им пречи, а тој не ретко знае да се пошегува дека има енергија како 15 годишно момче.

фото инстаграм/Џанлука Ваки

Богатството на Џанлука се проценува на 300 милиони долари, иако многумина тврдат дека е 450 милиони долари. Тој потекнува од богато италијанско семејство – неговиот татко бил сопственик на мултинационалната компанија Industria Maccine Automatiche, а самиот Џанлука бил член на одборот.

фото инстаграм/Џанлука Ваки

Инаку, Шарон е родена во Венецуела, но се школувала во Мајами. Се занимавала со манекенство, глума и новинарство. Таа има неколку милиони следбеници на Инстаграм.

фото инстаграм/Џанлука Ваки

Парот е во врска нешто повеќе од три години, а уживаат во луксузен живот, скапа облека и скапи патувања, а често објавуваат и видеа на кои танцуваат заедно. Токму тоа го прослави овој Италијанец.

фото инстаграм/Џанлука Ваки

По раѓањето на нивната ќерка, тие редовно објавуваат заеднички моменти, а 54-годишникот се покажал како неверојатно грижлив татко.

фото инстаграм/Џанлука Ваки

По раѓањето на нивната ќерка Џанлука за шпанското списание „Hello!“ откри дека таа всушност се родила со болест која ја има едно од седумстотини бебиња во светот.

фото инстаграм/Џанлука Ваки

– Со многу љубов сакаме да ја споделиме приказната за раѓањето на нашата Блу Јерусалема. Пресреќни сме што конечно ја запознавте. Блу е родена со расцеп на непцето, а нашите срца беа со неа и другите семејства уште од првиот ден, кои се соочија со овој проблем. Станува збор за состојба со која се раѓа едно од седумстотини бебиња во светот – напиша грижливиот татко.

фото инстаграм/Џанлука Ваки

– Благословени сме што зад нас има одличен медицински тим кој ќе и обезбеди на нашата ќерка соодветна грижа и операција, што ќе и овозможи да живее сосема нормално. Сепак, многу семејства немаат толку среќа, па затоа решивме да ја прошириме свеста на луѓето на овој начин и да поддржиме фондации кои им помагаат на луѓето кои се соочуваат со истиот проблем, напиша тогаш Џанлука.

фото инстаграм/Џанлука Ваки
фото инстаграм/Џанлука Ваки
фото инстаграм/Џанлука Ваки
фото инстаграм/Џанлука Ваки
фото инстаграм/Џанлука Ваки
фото инстаграм/Џанлука Ваки
фото инстаграм/Џанлука Ваки
фото инстаграм/Џанлука Ваки
фото инстаграм/Џанлука Ваки

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close