Кафе муабет
Најубавата македонска водителка блесна во црвена тоалета и ги собра сите погледи: Вака треба да изгледа вистинска дама
Важи за жена со најубава насмевка...
Вера Meштеровиќ важи за една од најубавите водителки кај нас. Секое утро гледачите на Канал 5 телевизија имаат можност да се будат со нејзината прекрасна насмевка и да ја почувствуваат позитивната енергија која ја носи со себе оваа македонска убавица.
Оние кои не знаат, Вера беше првата мисица која ја претставуваше Република Македонија на официјалниот светски избор на убавина – Мис на светот кој таа година се одржуваше во Бангалор, Индија во далечната 1996 година, кога имаше само 17 години.
Иако поминаа 25 години од овој нејзин успех, Вера воопшто се нема променето. Што се однесува до физичкиот изглед таа сѐ уште може да се пофали со витка линија како во тинејџерските денови.
Вера беше една деценија во брак со фудбалерот Игор Кралевски.
Откако заплови во брачните води, својата кариера ја стави на пауза и целосно му се посвети на семејството.
Од бракот двојката ги има синот Андреј и ќерката Јована, додека фудбалерот од првиот брак во Хрватска зад себе го има и синот Теодор, кој живее со мајка му во Сплит.
Но тие по една деценија решија да се разделат, а Вера заплови во водителските води.
Вчера на социјалните мрежи познатата дизајнерка Елена Лука сподели фотографии од Вера Мештеровиќ кои се само доказ дека за неа времето како да застанало.
Облечена во елегантна црвена тоалета Вера претпразнично блесна и покажа како треба да изгледа една вистинска дама.
„Елена е една од најпрекрасните личности што ги познавам, а со ЕЛЕНА ЛУКА ги имам најубавите соработки кога се работи за теми од модниот свет. За сите убави случувања и големи настани секогаш се тука за мене и јас за нив. Се надевам дека како и досега, нашата успешна соработка ќе трае уште долго.“
„Конкретно оваа креација која што ја носам на себе за фотосесијата има една посебен гламур и навистина се чувствувам празнично во неа. Во дизајнот се вклучени доста детали, а истовремено е навистина женствен. Совршен за мене.“, напиша Вера во описот на фотографиите.
Во продолжение уште неколку елегантни изданија на Вера кои можат да ви послужат како идеја за празниците.