Кафе муабет
Се шушка за нивниот развод а неколку дена пред Нова година Душко и ја исполни најголемата желба на Карлеуша
Таа е пресреќна...
Јелена Карлеуша важи за една од најдобро стилизираните дами во регионот. Кога не станува збор за сценски костим таа одбира да биде елегантна, одмерена и секогаш носи луксузни парчиња.
Кога и да се појави успева да не изненади со впечатливи модни комбинации, а како некој кој е голем љубител на луксузни парчиња, Јелена Карлеуша сега се пофали со скапа чанта која ја доби по повод новогодишните празници.
Имено, поп-дивата која може да се пофали со вистинско богатство во својата колекција на аксесоари сега е горда сопственичка на престижната чанта Birkin, произведена од познатиот француски бренд „Hermes“.
Чантата „Хермес Биркин“ или поедноставно познатата Биркинка е веројатно најпознатата чанта на планетата, симбол на богатство и ексклузивност, а не е изненадување што се најде на листата на желби на Јелена.
Она што е познато е дека поради вртоглаво високите цени а преголемиот интерес, за оваа чанта има листа на чекање на која се испишани имињата на малкуте кои можат да си ја дозволат, Јелена сега се најде меѓу избраните и нејзината среќа ја сподели на „Инстаграм“ со своите фанови.
– Бев многу добра девојка – напиша таа во описот на фотографијата на која во преден план е чантата на заедно со прекрасно украсената елка, а се постави прашањето дали Душко Тошиќ, се уште законскиот сопруг, ја изненади со исклучително убав подарок по повод претстојните празници.
Даде илјадници евра за украсување…
Нема сомнеж дека Карлеуша ги следи модните трендови. Освен кога е во прашање модата таа вложува многу труд и пари во уредувањето на домот и внимателно ги одбира сите детали кои даваат дополнителен луксуз.
Неодамна таа на својот инстаграм профил објави фотографии од кои можеме да видиме дека сериозно му се посветила на украсувањето на нејзината вила.
Пејачката овој пат одлучи за златни, бели и нежно розови украси, а посебна магија донесе со мечињата и ирвасите.
Во дворот се наоѓаат неколку елки украсени со снегулки, ѕвона и украси во облик на Дедо Мраз, а бројните сијалички само допринесоа целиот простор да изгледа бајковито и да зрачи со својот посебен шарм.