Кафе муабет

Душко ја подбра Јелена: До кога мислиш да се сликаш го*ла, ова веќе нема смисла- Карлеуша конечно откри како тој реагира на нејзините фотографии!

Не му се допаѓа...

Фотографијата на Јелена Карлеуша не само што ги запали мрежите, туку и го крена соседството на нозе, а не го остави рамнодушен нејзиниот сопруг Душко.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Луксузната вила која Душко и Јелена ја купија од Драган Стојковиќ- Пикси во 2018 година конечно е завршена, а пејачката на своите социјални мрежи објави дека на работите им е дојден крајот.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Вилата вредна два ипол милиони евра сега изгледа баш како вила во која наликува да живее една Дива, сè зрачи со луксуз и елеганција, а доказ за тоа е првата фотографија на Јелена Карлеуша од реновираниот дом.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Сепак, омиленото место во вилата Јелена е дворот опкружен со висока капија и вегетација, каде што ја има својата приватност и ужива со членовите на семејството.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Раскошната градина понекогаш е ателје во кое се направени некои од оние фотографии на Јелена Карлеуша за кои се зборува со денови.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Последната фотографија на која Јелена позира во дворот на реновираната вила во минималистички, кожен костим за капење го крена соседството на нозе, ги запали мрежите, а многумина се прашуваа што ќе каже Душко.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Сепак, одговорот на тоа прашање пејачката одамна го даде:

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Душко одамна одлучи дека не сака да гледа што ставам на „Инстаграм“. Не сака да знае, не сака да гледа. Ме запозна како скромна домаќинка која никогаш не се облекувала провокативно и потоа се случила неверојатна промена – изјавила тогаш и додала дека Душко мислел дека знаел во што се впушта кога се оженил со неа:

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

-Постојано ми вели дека постојано се сликам гола и дека повеќе нема смисла. Не му се допаѓа. Ме прашува до кога ќе се соблекувам гола, а јас велам дека не се оженил со домаќинка, туку со Јелена Карлеуша.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

-Мислеше дека знае во што се впушта, истакна поп-дивата во една прилика.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Но колку и да ја озборуваат и да и даваат недолични коментари, Јелена вели дека за неа има нешто што и е поважно од кариерата а тоа е мајчинството.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Во неколку наврати поп-дивата истакна дека е многу посветена на своите ќерки Атина и Ника и дека за нив го сака само најдоброто.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Таа е целосно посветена на нивното воспитување и образование, а нема сомнеж дека децата се најголемото богатство и смисла на животот на музичката ѕвезда.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Јелена веќе ја испланирала нивната иднина, барем делот за школувањето. Неодамна на прашањето дали таа и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ разговараат за иднината на девојките, таа одговори:

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

-Едно е сигурно, нашите ќерки ќе се школуваат во Лондон или Америка.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Така, некои престижни универзитети во странство ќе се грижат за високото образование на Атина и Ника. Поп дивата еднаш опиша како изгледа нејзиниот ден со децата.

Фото Инстаграм/Ника Тошиќ

– Станувам во шест и пол сабајле, појадуваат, ги возам на училиште. Кога ќе се вратат, ручаме заедно. Со нив се трудам да ја работам домашната задача, да се потсетам што сум правела на училиште и во што сум добра- историја, биологија, англиски, српски. Гледаме филмови, одиме на убави места, патуваме… Тоа е мојата улога на мајка, рече Карлеуша во една прилика.

Фото Инстаграм/Ника Тошиќ
Фото Инстаграм/Ника Тошиќ
Фото Инстаграм/Ника Тошиќ
Фото Инстаграм/Ника Тошиќ
Фото Инстаграм/Атина Тошиќ
Фото Инстаграм/Атина Тошиќ
Фото Инстаграм/Атина Тошиќ
Фото Инстаграм/Атина Тошиќ
Фото Инстаграм/Атина Тошиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close