Кафе муабет
Ќерката на Драгана Мирковиќ ги “запали”социјалните мрежи: Реши да се повлече од јавноста а сега се појави оваа фотографија- Мануела е вистинска “БOМБA”
Многумина ја споредуваат со мајка и...
Откако реши да се придружи на Инстаграм заедницата и сподели низа фотографии, ќерката на Драгана Мирковиќ, Мануела Бјелиќ стана главна тема во медиумите.
Иако долг период се криеше од јавноста сепак Мануела со само неколку фотографии направи вистински хаос на социјалните мрежи и доби низа комплименти а не изостанаа и коментарите дека многу потсетува на својата славна мајка.
Мануела немаше ни многу време да размислува за својот стил на облекување бидејќи преку ноќ стана една од најпопуларните девојки на Инстаграм.
Модниот стил на Мануела Бијелиќ во текот на изминатата година се толкува на различни начини. На некои им се допадна начинот на кој наследничката на фолк дивата се грижи за својот изглед, а други знаеја да бидат многу строги со неа, а каков и да е нивниот став, сите се согласија во едно, а тоа е дека Мануела е скромна барем кога станува збор за модата.
Дека не сака да открива многу, ниту пак покрива од друга страна, додека многу добро ги истакнува убавините на своето тело.
Мануела особено ги воодушеви девојките со својот последен стајлинг. Таа облече модерен плиш комплет. Горниот дел е пократок со две прерамки на стомакот кои се преклопуваат додека долниот дел повеќе може да се дефинира како тренерка-хеланка.
Како и да е Мануела ги собра сите комплименти за своето витко тело и убавината која ја поседува.
Мануела неодамна реши да го избрише својот Инстаграм профил а како што истакна нејзината мајка тоа го направила бидејќи сметала дека е премногу експонирана во јавноста и порталите а тоа не можела да го поднесе.
– Синот не сака да се појавува, но сите го гледаат. Ќерката се повлече, премногу и беше, сепак е жена, се смее на некои работи, не е луда по социјалните мрежи. Нејзе и е непријатно да ја има на порталите, не влијаев на неа, само ја споделив нејзината објава. Мене ми е важно само да се среќни, ќе бидам најдобрата можна свекрва и баба – истакна таа, а потоа откри повеќе детали за наследниците:
– Веќе живеат одвоено, двајцата се на универзитети во Виена, живеат во посебни станови, не се со мене, но секој момент го користат да се видат со мама и тато. Им направивме стапици во замокот, одеднаш сите доаѓаат во замокот и Виена не е интересна.
Мануела се обрати до јавноста кога реши да се повлече од социјалните мрежи и порача:
-Почитувани следбеници, поради злоупотреба на моите фотографии од страна на некои новинари, решив да го деактивирам мојот профил бидејќи не сум јавна личност и не сакам да читам невистини за себе. Ви благодариме на разбирањето, многу поздрави – напиша таа, во што ја поддржа нејзиниот брат како и популарната пејачка која на својот профил ја сподели објавата со зборовите „Паметна моја девојка“.