Кафе муабет
Ѕирнете во бајковитиот дом на Јелена Карлеуша: За украсување даде илјадници евра- таа ја има најлуксузната вила
Ужива во декорирање...
Поп дивата Јелена Карлеуша како и сите естрадни уметници покажа како го украсила својот дом за престојните празници.
Пејачката покажа дека ужива во украсувањето на домот пред Нова година и нејзината декорација е секогаш на завидно ниво, па така и сега. Таа објави видео од нејзиниот двор и влезната врата, сè до дневната соба и покажа како изгледа бајковитата декорација.
Карлеуша шокираше со украсувањето кое најверојатно ја чинеше неколку десетици илјади евра, а покрај елката пејачката ги украси и дневната соба и целиот двор.
Пејачката објави неколку кадри на својата инстаграм приказна и ни даде можност да видиме како изгледа нејзиниот дом кога ќе дојдат празниците.
Големите златни лампиони кои ги комбинираше со преслаткиот ирвас создадоа вистинска магија. Неколку цвеќиња и многу бели детали направија нејзината елка да изгледа како оние што ги гледаме во американските филмови или домовите на познатите холивудски диви.
Јелена уште еднаш покажа дека ги следи трендовите, не само кога е модата во прашање, туку се труди нејзиниот дом да биде опремен според најновите модни трендови.
Ова е само дел од атмосферата од куќата на познатата пејачка, а следбениците нетрпеливо ја чекаат секоја нова фотографија од нејзиниот луксузен дом.
Нема сомнеж дека секој што ќе помине покрај домот на Карлеуша ќе биде воодушевен.
Никој не ја заштитил
Иако важи за силна и моќна жена, барем од она што може да се види во јавноста, Карлеуша често истакнуваше дека сè што јавноста знае за неа всушност не е вистина.
Пејачката во неколку наврати посочи дека приватно е многу поинаква, понежна и како што самата вели „досадна личност“.
Поп дивата своевремено во едно емотивно интервју откри детали за себе кои малкумина ги знаеле, спомнувајќи го нејзиниот сопруг Душко Тошиќ.
-Кога реков дека мажот мора да е лажен, мислев дека никогаш не смее да ги покажува своите вистински бои, своето вистинско лице. Моето вистинско лице е сето она за што јавноста не ни сонува. Никој навистина не ме познава. Единствената што ме познаваше беше мајка ми, можеби моите деца, а не мојот сопруг. Јас, всушност, сум измамник на шоубизот. Бидејќи сè што мислат луѓето за мене, не е така. Извртена слика на жена која мораше да биде пет пати подобра од сите други за да има шанса воопшто. И тогаш се претвора во трка со самиот себе, опсесија со его. Сликата што беше испратена за мене не е добра – искрена беше Јелена.
– Ниту еден човек никогаш не ме заштитил, вклучително и мојот. Секогаш ме навредуваа, ме понижуваа, а никој не помисли да ме брани како жена. Одбрана доживеав само од жени. И благодарам за тоа. Како општество ја нагласуваме борбата против насилството врз жените. Па зошто тоа не се применува кога се работи за мене – рече Јелена.