Кафе муабет
Куќата нема да и припадне на Јелена: Шокантна одлука на Душко- еве на која жена и го остави имотот
Во родната куќа сега живее неговата мајка...
Бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ отсекогаш бил интересен за јавноста, па затоа и разделбата која пејачката ја објави летово со месеци предизвикува разни шпекулации во медиумите.
Посебно интересна тема за медиумите секако е поделбата на имотот на сопружниците пред колапсот, а она што Јелена нема да го добие е родната куќа на Душко Тошиќ.
Имено, поранешниот фудбалски репрезентативец израснал во малото село Орловат кај Зрењанин, во куќа полна со љубов и со малку финансиски средства за живот, а трошната куќа на Душко Тошиќ сега е прекрасна вила во која живее мајка му Николета.
Иако денес живее во луксуз каков што може само да се посака, не ги заборавил своите корени, а куќата на Душко Тошиќ во која пораснал со родителите и сестрата пред неколку години била целосно реновирана и претворена во вистински семеен дом исполнета со неизмерна љубов и топлина.
Но, поради деловните обврски на Душко, мајката Николета, поголемиот дел од времето го поминува сама во таа куќа, со оглед на тоа што Душко го загуби татко му во септември 2018 година.
Претходно се пишуваше дека генерално сè што брачните другари стекнaa за време на бракот се дели на половина. Тошиќ заработи огромнa сумa пари откако се ожени со Јелена Карелуша.
Прво настапуваше за српската репрезентација, потоа се пресели во Црвена звезда, а потоа во турскиот клуб Генчлербирлиги. Покрај другите клубови, Душко најголемиот успех и заработка го постигна во турскиот клуб Бешикташ каде играше од 2015 до 2018 година.
Според медиумите, Тошиќ за овие три сезони во славниот клуб заработувал 1.250.000 евра годишно, што е зголемување во однос на претходните 900.000 евра, а имал и бонуси од 4.000 евра за секој одигран натпревар.
По големиот успех во овој клуб, Душко се пресели во Кина – Гуангжу Р&Ф, каде што беше платен уште повеќе.
Имено, тој заработуваше по 5.800.000 евра по сезона, како што објавија тамошните медиуми и со тоа стана најплатениот српски фудбалер.
Кога би се собрале само паричните приходи од овие два клуба, без да се земат предвид претходните заработки, бонуси, премии, како и трошоците за клубот, менаџерите и другите трошоци кои сигурно ги имал фудбалерот, Душко Тошиќ во периодот од 2015 до 2020 година заработил околу неверојатни 18 милиони и 750.000. Според таа претпоставка, Јелена треба да добие половина од оваа сума на пари, која изнесува нешто повеќе од девет милиони евра!
Брачната двојка Тошиќ поседува неколку имоти и автомобили, кои во случај на развод би можеле подеднакво да се поделат.
Пред 3 години медиумите објавија дека брачната двојка купила вила од Драган Стојковиќ Пикси, која се наоѓа на Дедиње.
Се шпекулираше и дека одвоиле 300.000 евра за вила во Врачар, но парот никогаш јавно не проговорил за имотот. Дополнително, доколку ќерките на познатиот пар и припаѓаат на мајката, Душко за нив треба да и плати на Јелена алиментација за која ќе се договорат.