Кафе муабет

“ГИ ФАТИВ ВО НАШИОТ КРЕВЕТ”- Лепа Лукиќ го фати сопругот како ја изневерува- еве што и направи на неговата љубовница!

Пејачката отворено зборува за прељубата на сопругот...

Кралицата на народната музика Лепа Лукиќ вчера го прослави својот 81 роденден. Таа гордо ги носи своите години а нејзиното добро здравје и младост се должи на нејзината весела природа, силниот имунитет и генетиката што ги наследила од нејзината мајка.

Пејачката Лепа Лукиќ за време на својата кариера беше позната како дама без влакна на јазикот, па во лице го кажуваше сето она што го мислеше. Таа беше во брак со поп-менаџерот Владо Перовиќ а нивниот брак заврши неславно во моментот кога Лепа го фати како ја изневерува во нивниот дом. Пејачката ја опиша ситуацијата кога ги најде Владо и неговата љубовница во кревет.

– Реков дека одам во странство десет дена да пеам. Ме одведе до аеродромот. Се бакнавме. Јас, како наводно, заминав, но се вратив истата вечер. Ги најдов додека се соблекуваа во спалната соба. Неа ја избркав! Таа ме молеше да и ја дадам облеката, а јас не и ја дадов. После тоа и ја фрлив гардеробата по скалите и ја избркав надвор – рече Лепа во свој стил.

Бурниот живот на Лепа Лукиќ

 

Таа зад себе имаше бурен живот, кој никогаш не го криеше од јавноста, но и покрај толку работи што се познати за неа, постои и нешто што речиси никој не го знае. А тоа е дека нејзиното вистинско име е Лепава Мушовиќ.

 

 

Покрај ова, за неа постои уште еден необичен податок – таа има два датуми на раѓање, Имено, родена е на 13 јануари, но бидејќи била зима, пријавена е дури на 16 и тоа и стои во официјалните документи, така што многумина го грешат нејзиниот вистински датум на раѓање.

 

 

Пејачката имаше мошне интересен живот, а не се сомневаме дека во нејзината биографија постојат и други тајни што би можеле да испловат во јавност.

Нема естетски корекции

 

Лепа Лукиќ неодамна го прослави 81-тиот роденден, но истакнува дека никогаш не направила ниту една естетска корекција на себе.

 

 

Пред една година Лепа откри дека непознати обожаватели ја пресретнале на улица и искоментирале дека козметичкиот хирург направил одлична работа на нејзиното лицето. Лепа тогаш рече дека се почувствувала навредена.

 

 

„Жена на улица ме запре и ме праша: Госпоѓа Лепа, дали имате нешто корегирано на вашето лице ?” И тогаш полудев, “Кој црн хирург, црна жена, јас не направив ништо.Потоа, таа ми се извини и ме пофали за изгледот “, открива Лепа.

 

Поради лекарска грешка неможе да има деца

 

Пред неколку години нејзиниот поранешен сопруг Влада Перовиќ кој го фати како ја изневерува, за српски Курир откри дека Лепа не можела да стане мајка поради лекарска грешка при абoртус.

-Пред да стапиме во брак, Лепа имаше абортус. Лекарите не го изведоа добро зафатот, имаше компликации потоа, и од тогаш повеќе не можеше да забремени. Мене не ми пречеше што немаме наследници, зошто навистина ја сакав. Таа својата тага ја криеше од јавност, а во себе длабоко и искрено патеше. Долго себеси се обвинуваше за сето тоа, ја носеше таа вина на душа со години. Се надевам дека успеа да се избори со тоа, и дека си прости себеси, изјави тогаш Перовиќ.

 

Зема голема пензија

 

Неодамна српските медиуми објавија дека Лепа Луќич зема пензија од околу 180 илјади српски динари.

Наводно пејачката во текот на својата кариера плаќала допринос за здравствено и пензиско осигурување, па поради тоа нејзината пензија е околу 30 илјади динари.

 

 

-Лепа поради оваа пензија мора да иде во Канада на секој шест месеци. Многумина се прашуваат зошто толку често таа патува, но сега е откриена причината. Сигурно таму таков е законот, без обѕир на тоа што си родум од друга земја, но на Лепа тоа не и е проблем за да ја промени средината и се одмори, истакна тогаш извор близок до пејачката за српските медиуми.

Во тестаментот ја стави и својата мачка!

 

 

Во ноември главна вест во медиумите беше тестаментот на пејачката. Имено таа реши да напише тестамент и наводно се што стекнала во текот на својот живот ќе остави на својот внук Радослав.

Она што изненади многумина е тоа што пејачката во тестаментот ја вметнала и својата мачка.

 

 

Во тестаментот пејачката посочила дека Радослав ќе добие ресторант, два стана, куќа и сите нејзини заштеди но само доколку се грижи за мачката Маза.

 

foto instagram

 

-Напишав тестамент во кој наведов дека мојот внук мора да се грижи за мачктата, ако јас умрам пред неа. Радослав треба да ја чува Маза, да ја пази и мази и така ќе наследи се што сум стекнала во текот на животот. Тоа се стои во документот кој го чува мојот адвокат, изјави тогаш Лепа.

 

Пејачката во една прилика откри дека мајката ја доживува како член од семејството.

Еве како изгледаше Лепа Лукиќ на почетокот на кариерата…

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close